ФК Монтреал — канадски фудбалски клуб со седиште во Монтреал, Квебек. Моментално се натпреварува во МЛС лигата, како член на Источната конференција.
Основан во 1992 година под името Монтреал Импакт, клубот се приклучил на МЛС лигата во 2012 година, како деветнаесеттата франшиза на лигата и третиот канадски клуб. Монтреал нема позабележителни успеси по приклучувањето во МЛС, само едно конференциско финале во 2015 година, загубено од друг канадски клуб ФК Торонто. Сепак, клубот има освоено пет Канадски првенства во својата историја, а во 2015 година, станал првиот канадски клуб и вториот клуб од МЛС што стигнал до финалето на КОНКАКАФ Лигата на шампионите, каде што загубиле од .
После ребрендирањето во 2021 година, боите на клубот се црна, сива и сина. Својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот Сапуто, наречен во чест на сопственикот на клубот Џои Сапуто.
Надворешни врски Матична страна
Категорија:ФК Монтреал Монтреал Монтреал Категорија:Монтреал