Мица Костова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Во НОД се вклучила од јуни 1941 година како член на СКОЈ. Растурала летоци и собирала народна помош. Била член на женската потрошувачка задруга во Битола. Во април 1943 година била уапсена и затворена, прво во затворот во Скопје, а потоа префрлена во Софија. По враќањето во Скопје била ослободена. Во април 1944 година повторно била затворена, но по еден месец пуштена на слобода. Кон крајот на август 1944 година се приклучила на единиците на НОВ.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ