Ангелина Никола Кочинска ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија, активистка во женското движење.

Животопис За време на окупацијата живеела во Битола. Во НОД учествувала од 1941 година. Во нејзиниот дом се одржувале состаноци на СКОЈ, се чувало оружје, облека, санитарски и илегален материјал. Од 1942 година чувала илегалци и одржувала врска со политичките затвореници во градот. Во мај 1943 година била двапати затворена, а потоа интернирана шест месеци во село Железница Горноџумајско, Бугарија, заедно со двете деца.

По враќањето од интернација, есента 1943 година, ги организирала жените од селото за да плетат топла облека за НОВ и ПОМ.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ