Mahana no atua (англиски: Ден на Бога) — слика со масло од 1894 година од францускиот постимпресионистички уметник Пол Гоген, која се наоѓа во колекцијата на Чикашкиот институтот за уметност.

Сликата била изработена во Париз по враќањето на Гоген од неговиот прв период на живеење и работа на Тахити и е повеќе имагинативна отколку реална. На него е прикажан централен резбан идол на божицата Хина како стои на карпа покрај плажата околу која се распоредени човечки фигури во симетричен модел. Лево две жени носат заветни жртви, а десно две други танцуваат традиционален тахитски танц ранеречн упаупа, еротски танц кој колонијалните власти се обиделе да го забранат. Во преден план е енигматична група од тројца капачи, чии пози сугерираат дека претставуваат раѓање, живот и смрт, но за кои Гоген никогаш не зборувал.

Стилски гледано, делото е типично за постимпресионизмот на уметникот, во поедноставувањето на формите и драматичната употреба на боите.

Наводи

Категорија:Уметнички слики од 1894 година Категорија:Слики од Пол Гоген