Самурајски филм или Hill (2002). — конкретен јапонски жанр на историско-авантуристички филм што раскажува за самураите и битките со мечеви, вид еквивалент на американските вестерни и европските филмови со меч и наметка. Зборот „чамбара“ потекнува од „чанчан-барабара“ — звукоподражавање што го опишува звукот на мечевите во борба.
Додека раните самурајски историски дела биле повеќе драмски отколку акциони, самурајските филмови снимени по Втората светска војна станале поакциони, со потемни и понасилни ликови. Повоените самурајски епови најчесто прикажувале психолошки или физички оштетени воини.Silver (1977), p. 37. Акира Куросава ја стилизирал и преувеличувал смртта и насилството во самурајските епови. Неговите самураи, како и многу други прикажани на филм, биле осамени личности, кои почесто биле загрижени за сокривањето на своите боречки вештини отколку за нивното покажување.
Историски гледано, жанрот најчесто е сместен за време на епохата токугава (1600 — 1868). Затоа, самурајскиот филм често се сосредоточува на крајот на целиот начин на живот за самураите: многу од филмовите се занимаваат со „ронини“ без господар или со самураи што се справуваат со промените на нивниот статус како последица на општеството што се менува.
Самурајски филмови постојано се снимале сѐ до раните 1970-ти, но до тогаш, прекумерната застапеност на телевизија, стареењето на големите ѕвезди од жанрот и постојаното опаѓање на главната јапонска киноиндустрија ставиле крај на поголемиот дел од производството во овој жанр.Japan: A New Wave (retrieved on 07/13/2008)
Чамбара исто така се однесува на боречки спорт сличен на мечување.
Одлики За жанрот се одликуваат леснотијата на движење и брзата динамика. Кулминацијата на филмот е жестокиот и темпераментен двобој со мечеви. Главен лик обично е самурајски отпадник — ронин, со изразено чувство за правда, кој, соочувајќи се со насилството и злото, или среќавајќи се со својот вековен непријател, го решава судирот со помош на оружје.
Иако прототипите биле вистински историски личности, жанрот главно се изградува од фолклорни ликови, подоцна обработени од јапонската книжевност. Еден од најпознатите творци на самурајски филмови е токму Акира Куросава.
Наводи
Надворешни врски Jidaigeki Renaissance Project Toei Kyoto Studio Park Program for a jidaigeki film series sponsored by the Yale CEAS and the National Film Archive of Japan.
Категорија:Филмски жанрови