Детскиот натпревар за песна на Евровизија 2026 ќе биде 24-тото издание на Детскиот натпревар за песна на Евровизија. Натпреварот ќе се одржи на 24 октомври 2026 година во Центарот за саеми и конвенции на Малта во Та'Кали, Малта.
Домаќини на натпреварот ќе бидат Гаја Каучи, Дестини Чукуњере и Кин Кутахар. Натпреварот го организираат Европската радиодифузна унија (EBU) и малтешкиот јавен радиодифузен сервис PBS.
Ова ќе биде третпат Детскиот натпревар за песна на Евровизија да се одржи на Малта, по изданијата во 2014 и 2016 година, кои исто така беа организирани од PBS. Изданието во 2026 година ќе биде и првото во историјата на натпреварот што ќе се одржи во октомври.
Радиодифузери од 16 земји ќе учествуваат на натпреварот, додека Азербејџан и Хрватска одлучија да не учествуваат, откако и претходната година не беа дел од натпреварот.
Локација За разлика од Евровизискиот натпревар, победничкиот радиодифузер на Детскиот натпревар за песна на Евровизија од претходната година нема автоматско право да биде домаќин на следното издание. Сепак, од 2011 година, со исклучок на 2012, 2015, 2018 и 2024 година, стана вообичаено победничката земја да го организира следното издание. Од 2019 година, победничкиот радиодифузер има право на прв избор за домаќинство на следниот натпревар.
На 18 декември 2025 година, францускиот радиодифузер France Télévisions, кој победи на натпреварот во 2025 година, објави дека се откажува од домаќинството на изданието во 2026 година, наведувајќи ги плановите за намалување на трошоците. Ова беше вторпат во период од три години France Télévisions да одбие да го организира натпреварот, откако истото го стори и во 2024 година.
По одлуката на France Télévisions, SMRTV го објави Сан Марино како кандидат за домаќин на Детскиот натпревар за песна на Евровизија 2026.
На 15 мај 2026 година, ЕБУ објави дека Малта е избрана за домаќин на натпреварот во 2026 година. За местото на одржување е избран Центарот за саеми и конвенции на Малта во Та'Кали, кој за потребите на настанот ќе биде трансформиран во „Евровизиско село“, инспирирано од традиционалните патронатски фестивали на Малта.
Ова ќе биде третпат Малта да биде домаќин на Детскиот натпревар за песна на Евровизија, по изданијата во 2014 и 2016 година. Учесници За учество на Детскиот натпревар за песна на Евровизија, потребно е земјата да има национален радиодифузер со активно членство во ЕБУ, кој може да го прима натпреварот преку Евровизиската мрежа и да го емитува во живо на целата територија на земјата. ЕБУ испраќа покана за учество до сите свои активни членови.
На 24 јули 2026 година, ЕБУ објави дека радиодифузери од 16 земји ќе учествуваат на натпреварот во 2026 година. Азербејџан и Хрватска одлучија да не учествуваат, откако претходната година остварија еднократни настапи. ДржаваРадиодифузерИзведувачПеснаЈазикАвторРеф. АлбанијаRTSHEslin Kurti""албанскиEriona Rushiti, Rei Bezhani Ерменија КипарCyBCHarry Georgiou ФранцијаFTV ГрузијаGPBDavit Lomidze"Sun on the Rooftops"грузијскиGiorgi Kukhianidze, Irina Sanikidze Ирска ИталијаRAIMatteo МалтаPBS Црна ГораRTCGMija VujovićMarko Kon, Vasilije Čolan ХоландијаAVROTROSMaria"Stronger Together"холандски, англискиMell Jonk, Ton Dijkman МакедонијаMRTAna StojanoskaИдната јасIlcho Nechovski, Nikola Micevski ПолскаTVPWiktor Sas"Gravity"полски, англискиAntoni Alagierski, Małgorzata Uściłowska, Mikołaj Trybulec, Ulrich Harrison ПортугалијаRTPSalvador RioDiogo Piçarra Сан МариноSMRTVDenny Montesi, Emilio Munda ,Piero Romitelli ШпанијаRTVELucas PaulanoBlas Cantó, Carlos Almazán, Daniel Ángelo, Lucas Paulano УкраинаSuspline
Продукција Датумот на одржување на натпреварот, 24 октомври, е порано од вообичаеното, имајќи предвид дека повеќето претходни изданија се одржуваа во ноември. Според PBS, изборот на датумот е направен од логистички причини.
Шоуто ќе започне во 21:00 часот по средноевропско летно време (CEST), што е подоцна од почетокот на неодамнешните изданија. Од 2016 година, натпреварот вообичаено започнуваше помеѓу 16:00 и 18:00 часот по средноевропско време.
Визуелен и сценски дизајн На 7 септември 2026 година, PBS ја претстави официјалната тематска уметност и сценографијата за натпреварот во 2026 година. Тематската уметност, насловена „Феста“, е инспирирана од традиционалните патронатски фестивали на Малта. Таа се одликува со шарени кривини и геометриски форми кои го врамуваат официјалното лого, потсетувајќи на богатите и украсени декорации карактеристични за фестивалите.
Сценскиот дизајн вклучува централна сценска зона опкружена со елементи инспирирани од традиционалните малтешки улици, меѓу кои шарени фасади и препознатливи балкони.
Водители Гаја Каучи, Дестини Чукуњере и Кин Кутахар беа потврдени како водители на натпреварот на 15 септември 2026 година. Тројцата претходно беа водители и на „Malta Eurovision Song Contest 2026“.
Две од водителките претходно го имаат освоено Детскиот натпревар за песна на Евровизија. Каучи победи во 2013 година, додека Чукуњере триумфираше во 2015 година. Чукуњере подоцна ја претставуваше Малта и на Евровизискиот натпревар во 2021 година.
Преглед на натреправорт Натпреваротќе се одржи на 24 октомври 2026 година во 21:00 часот по средноевропско време. Шеснаесет земји ќе учествуваат, а распоредот за работа е објавен на 28 септември. Сите земји кои се натпреваруваат ќе имаат право да гласаат со гласањето на жирито, како и земјите-учеснички и неучеснички според збирното меѓународно гласање преку Интернет. +Ред. бр.ДржаваИзведувачПеснаЈазикПоениМесто14 АлбанијаEslin Kurti""албански08 ЕрменијаNaré"Boo!"02 КипарHarry Georgiou06 Франција15 ГрузијаDavit Lomidze"Sun on the Rooftops"грузијски13 Ирска10 ИталијаMatteo09 Малта04 Црна ГораMija Vujović01 ХоландијаMaria"Stronger Together"холандски, англиски12 МакедонијаAna StojanoskaИдната јас07 ПолскаWiktor Sas"Gravity"полски, англиски03 ПортугалијаSalvador Rio05 Сан Марино16 ШпанијаLucas Paulano11 Украина
Емитувања Сите радиодифузери што учествуваат на натпреварот можат да изберат коментатори кои ќе бидат присутни на самото место или ќе работат од далечина, со цел на локалната публика да ѝ обезбедат дополнителни информации и увид во текот на натпреварот и гласањето. Иако учесничките земји се обврзани да го емитуваат делот од програмата во кој се објавуваат резултатите од гласањето во нивната земја, повеќето радиодифузери го емитуваат целиот натпревар.
Натпреварот го пренесуваат и одредени радиодифузери од земји кои не учествуваат. Официјалниот канал на Детскиот натпревар за песна на Евровизија на YouTube обезбедува меѓународен пренос во живо без коментар.
Следуваат радиодифузерите кои целосно или делумно ги потврдиле своите планови за емитување на натпреварот и/или назначувањето на коментатори: Потврдени емитувачи и коментатори Земја Емитувач Канал(и) Коментатор(и) Ref. РАИ Рај Гулп Марио Акамоа МРТ МРТ 1, РТВЕ La1 Потврдени радиодифузери и коментатори во земји кои не учествуваатДржаваРадиодифузерКанал(и)Коментатор(и)Реф.RTK
Поврзано
Евровизиски натпревар за песна 2026 Евровизија за млади музичари 2026 Евровизиски натпревар за песна Азија 2026
Извори
Надворешни врски
Категорија:Статии со текст на црногорски