мини|Мраморизација на хартија Мраморизација на хартија е техника со која се добиваат шари слични на мазен мермер или други видови камен - односно шари добиени со техниката мокуме гане кај металите. Овие шари настануваат од боја што лебди врз обична вода или врз вискозен раствор, а потоа внимателно се пренесува на впивлива површина, како што се хартија или ткаенина. Низ вековите, луѓето применувале слични шари на различни површини. Овој метод често се користи за подготовка на подлоги за калиграфија, а особено за изработка на корици за книги. Дел од привлечноста на оваа техника лежи во тоа што секој отпечаток е уникатен, поради што таа е слична на техниката монотипија.

Постапка Постојат неколку методи за изработка на хартија со мермерен дезен. Плиток сад се полни со вода, а на површината внимателно се нанесуваат различни видови мастило или боја со помош на четка. За да се овозможи лебдење на бојата, се користат адитиви или хемикалии како што се сурфактантите. Процесот се повторува сè додека површината на водата (или на вискозната течност) не се покрие со концентрични кругови или линии. Потоа со боите што лебдат внимателно се манипулира - било со директно дување или преку сламка, со прскање на бојата или со внимателно вртење на боите со влакно од човечка коса. Посложени шари обично се добиваат со користење специјални алатки што наликуваат на чешли. Денес постои и значително поедноставена верзија на оваа техника, која како основа користи пена за бричење во спреј.

Историја Постојат различни теории за потеклото на оваа техника. Се смета дека таа потекнува од Кина, иако како места на потекло се наведуваат и Јапонија, Узбекистан, Индија, Пакистан, Персија и други земји. Околу 12-тиот век, во Јапонија постоела уметничка форма позната како суминагаши (што на јапонски значи лебдечко мастило). Шинтоистичките монаси ја користеле оваа техника за да создадат дезени на хартија и ткаенина. Интересот за оваа уметничка форма бил толку голем што таа го привлекла вниманието на јапонскиот цар и на неговите дворјани.

Оваа техника се појавила во VII век во Турција. Името ебру влегло во употреба дури три века подоцна. Турските мајстори ја совладале техниката до тој степен што покрај апстрактните и цветните шари, можеле да создаваат и реалистични слики. Техниката се појавила во Европа некаде во 17 век.

Наводи

Библиографија

Миура, Еинен (1991). Уметноста на хартијата со мермерен дезен: Мермерни дезени и начини на нивна изработка. Kodansha International. ISBN 4-7700-1548-8.

Надворешни врски

Уметност на мермерот,Филм од 1970 година – Канцеларијата за евиденција на Бедфордшир: техниката на мраморирање на Кокерел.

Меѓународната мрежа за мраморизација Категорија:Сликарски техники