Залив на Честа (латински: Sinus Honoris) — месечево море кое наоѓа по должината на западниот раб на Морето на Спокојот, кој се наоѓа на површината на блиската страна на Месечината.
Заливот на Честа има широк отвор, а на северната и југозападната страна е опкружен со карпест и непристапен терен. На местото каде што се спојува со месечевото море, се протегаат системи од бразди кон север и кон југ. Северниот систем ги носи познатите бразди „Римае Маклеар“, именувани по истоимениот кратер што се наоѓа веднаш источно од заливот. Од спротивната страна, на јужниот влез, се наоѓаат браздите „Римае Созиген“, кои го добиле своето име според кратерот Созиген сместен појужно. На самиот западен дел од заливот се издвојува тесен крак од морската површина, кој се протега речиси 100 километри кон северозапад.
Наводи
Надворешни врски
Залив на Честа на Википедија за Месечината Категорија:Месечеви мориња Категорија:Четириаголник LQ12 Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Краток опис различен од Википодатоците Категорија:Статии со краток опис