Море на Oблаците (латински: Mare Nubium) — месечево море во Басенот на Облаците на блиската страна на Месечината. Морето се наоѓа веднаш југоисточно од Океанот на Бурите.
Формирање Се верува дека базенот што го содржи Морето на Облаците бил дел од пренектаријанскиот систем. Материјалот од морето е од имбриско и ератостениско време.
Кратерот Булијалдус, истакната карактеристика на западната страна од морето, е од ератостениско време. Други карактеристики во рамките на морето е месечевиот кратер Питатус на јужниот раб и месечевиот кратер Герике на северниот раб. Кратерите Опелт, Гулд, Кис, Николет, Волф, Бирт и Рупес Ректа (Правиот Ѕид) лежат во морето.
Имиња Како и повеќето други месечеви мориња, Морето на Облаците го добило името од Џовани Ричоли, чиј систем на номенклатура од 1651 година станал стандардизиран. Претходно, Вилијам Гилберт го вклучил меѓу „Јужен континент“ на својата карта од околу 1600 година, а Михаел ван Лангрен го нарекол Бурбунско Mоре според Бурбонската династија на својата карта од 1645 година.
Истражување Првите објавени слики од Лунарниот извиднички орбитер во 2009 година биле од лунарните висорамнини 200 км јужно од Морето на Облаците.
Вести Во септември 2013 година, шпанските астрономи набљудувале и регистрирале настан на удар кога голема карпа ја погодила површината на Месечината во Морето на Облаците.
Наводи
Категорија:Месечеви мориња Категорија:Четириаголник LQ19 Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Краток опис различен од Википодатоците Категорија:Статии со краток опис