Стрезовски манастир — нов манастир во кумановското село Стрезовце.
Местоположба
Црквите и манастирот се подигнати во близина на маалото Поле на селото Стрезовце.
Историја
Црквата била осветена на 21 мај 2008 година, а во поново време се подигнати и манастирските конаци. Според ктиторскиот натпис, изградбата на манастирот била најмногу финансирана од Борко Стефановски од селото Младо Нагоричане.
Градби во манастирот
Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква, конаци, чешма и помошни објекти.
Црква „Св. Јован Богослов“
Главната манастирска црква е посветена на Свети Јован Богослов.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Стрезовце Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Кумановско-осоговската епархија Категорија:Манастири во Кумановско-кратовското архијерејско намесништво