Кумановска Бања или Кисела Вода — минерална бања во Проевце 3 км од Куманово, Македонија. Првата регистрирана анализа на водата била направена во 1920 година од Алексеј Шчербаков во Државната лабораторија во Белград. Анализата покажала дека водата е алкална земјена вода, со температура од околу 28 °C и проток од 2,5 литри во секунда. Резултатите ги објавил со наслов Кисењаци код Жепче и Куманова во 1928 година. Следната анализа била извршена во 1952 година од страна на Александар Бутков, при што пронајдоците покажале дека температурата е 30°C и протокот е 2,37 литри во секунда. Втор извор на вода бил откриен истата година покрај патот кон селото Зубовце со проток од 0,181 литри во секунда и температура од 27°C. Во 1954 година кумановската комунистичка локална власт ја отстапила Кумановската Бања на четата Бисерка. Бањата не работи од летото 2012 година. А повторно била пуштена во употреба во 2015 година.

Наводи

Трајковски, Петар (1999). „Кумановска Бања“, Кумановска Бања, стр.49-69. (Македонски) Дневник 13.07.2011 (Македонски) Радио Слободна Европа 26.07.2012 (Macedonian)

Категорија:Општина Куманово Категорија:Бањи во Македонија Категорија:Страници со непрегледан превод