„Дневникот на госпоѓицата Софи“ — расказ на кинеската писателка Динг Линг од 1928 година.
Содржина Расказот е напишан во форма на дневник кој го води студентката Софи во периодот од 24 декември до 28 март. Таа е болна од туберкулоза и поради тоа ретко излегува од својата соба. Во неа е заљубен Веј, а таа безмилосно си поигрува со него. За време на нобогодишната ноќ, неа ја посетува другарката Јуфанг, заедно со едно непознато убаво момче — Линг Џиши од Сингапур. Софи се заљубува во него на прв поглед, иако не сака да си го признае тоа. За да биде поблизу до него, таа се сели во друг стан и оттогаш Линг почнува почесто да ја посетува. Бидејќи болеста ѝ се влошува, Софи ја префрлаат на болница, но по некое време пак се враќа во својот стан, а за тоа време редовно ја посетуваат нејзините другари и Линг. Софи постојано мисли на него, а тој се однесува кон неа љубезно, но никогаш не ѝ искажува љубов.Ding Ling, „Dnevnik gospođice Sofi“, во: Antologija moderne kineske priče. Geopoetika, Beograd, 2014, стр. 78-123.
Наводи
Категорија:Дела на Динг Линг Категорија:Кинески раскази