Ловоровата врба (лат:Salix pentandra) , е вид врба по потекло од северна Европа и северна Азија. Научното име се однесува на машките цветови кои имаат пет прашници. Англиското име произлегува од сличноста на листовите со оние на ловоровот. Неговите сјајни лисја ја прават подекоративна од многу други врби, па затоа често се сади како украсно дрво.
Опис
Ловоровата врба е голема грмушка или мало дрво кое расте до 14 метри високо (ретко до 17 метри), обично расте во влажна, мочурлива почва. Листовите се сјајни темно зелени, долги 5 до 12 см и широки од 2 до 5 см., со ситно назабени рабови. Двополовите (дводомните) цветови се ресички, кои се појавуваат во доцна пролет по листовите, машките ресички се жолти, со должина од 2–5 см, а женските ресички се зеленикави, со должина од 1,5–3 см, тие се опрашуваат од пчели. Плодот е мала чашка што содржи бројни ситни семки обвиени во бел памучест слој (пердуви), кој го олеснува расејувањето со помош на ветерот.
Распространетост и живеалиште Ловоровата врба природно се јавува во северна Европа и северна Азија. На Британските острови најчесто се среќава во Шкотска и северна Англија, а понекогаш се сади како украсно дрво на други места. Расте покрај реки и потоци, на мочурлива земја и во влажни шуми. Се јавува покрај Лин Бедид во округот Рексам, Велс, невообичаено растение во областа. Стана локално натурализирана во северна Северна Америка и таму е позната како ловорова врба.
Екологија Лисјата се храна за ларвите на неколку видови молци, вклучувајќи ја и Ectoedemia intimella чии ларви ги јадат лисјата. Ресичките се привлечни за пчелите и другите инсекти поради нектарот и поленот што ги произведуваат на почетокот на годината. Оваа врба е подложна на болеста „воден печат“, која предизвикува овенување на гранките, а е предизвикана од патогената бактерија Brenneria salicis.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Врба Категорија:CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори Категорија:Незагрозени видови според МСЗП