Сулфур диоксид (SO2) — оксид на сулфурот со оксидационен број +4. Тој спаѓа во групата на неметални оксиди. Се добива со оксидација (горење) на сулфурот. S + O2 → SO2

Исто така, сулфур диоксидот се добива и при загревањето (пржењето) на сулфидните минерали и руди, како и при горењето на фосилните горива (на пример, јагленот).Бојан Шоптрајанов, Хемија за втора година на реформираното гимназиско образование (петто изменето и дополнето издание). Скопје: Просветно дело, 2009, стр. 129. Тој е безбоен гас со остар мирис и е доста отровен. Се раствора во вода при што добиените раствори се викаат сулфуреста киселина. SO2 + H2O → H2SO3

Се користи како дезинфекционо средство, за добивање на сулфур, за белеење на ткаенини и др. Од друга страна, растворањето на сулфур диоксидот во водата е едне од најважните причинители за настанувањето на киселите дождови.

Наводи

Категорија:Оксиди Категорија:Соединенија на сулфурот Категорија:Индустриски гасови Категорија:Сулфурни оксиди Категорија:Интерхалкогени Категорија:Кисели оксиди Категорија:Ладила Категорија:Редуктивни агенси