Тадалафил (со заштитено име Циалис) се зема за постигнување поцврста и подолготрајна ерекција. Циалис земаат оние што имаат потешкотии при постигнување цврста ерекција, или што сакаат поцврста ерекција и подолготраен полов однос. Циалис можат да земат и оние коишто имаат и некои здравствени проблеми, како на пример: висок крвен притисок, шеќерна болест (диабетес), депресија, кај оние што им е отстранета простатата на хируршки начин, кај доброќудна хипертрофија на простатата.

Дозирање и земање

Постои Циалис од 20, 10 и 5 мг. Кога се зема Циалис за првпат најдобро е да се започне со 10 мг. Циалис се зема пола час до пред половиот однос. Дејството трае до 36 часа.

Индикации

Еректилна дисфункција (ED) - неможност да се постигне или да се одржи ерекција за време на целиот полов однос, слаба ерекција.

Контраиндикации

Виагра не треба да се зема при следниве случаи:

Кога земате лекарства коишто во својот состав содржат нитрити и нитрати (лекарства за лекување ангина пекторис или болки зад градната коска) Напреднато оштетување на црниот дроб Напреднато оштетување на бубрезите Хипотензија - намален крвен притисок Скорашен срцев инфаркт или инсулт на мозокот. Наследни заболувања на ретината на окото (генетска болест кај фосфодиестеразата)

Поврзано Виагра

Категорија:Лекови