Ќе се вратат штрковите () е српска телевизиска серија во копродукција со „Кобрафилм“, „Адреналин“ и телевизија „Б92“.

Серијата се состои од 25 епизоди, секоја со времетраење по 45 минути. Во споредба со други српски серии, се разликува по обемот, бројот на глумци и техниката на снимање. Режијата е на Горан Гаиќ, а сценарист Никола Пејаковиќ. Серијата е снимана на локации во Белград и селото Баранда.

Во Србија, серијата се емитува на телевизијата Б92 во секој петок во 21:00, во Црна Гора на Тв Ин, во Хрватска се емитува на Нова тв, во БиХ на РТРС и ФТВ, а во Македонија на А1 телевизија, секој понеделник во 20:30.

Надворешни врски ТВ Б92: „Вратиће се роде“ Адреналин

Категорија:Српски филмови