Кедах (џави:قدح, нас. 1.778.188) е држава во Малезија, која е сместена во севернозападниот дел на полуостровот Малаја. Кедах има површина од 9.425 км2, и претежно е рамничарски со големо производство на ориз. Тука спаѓа и островор Лангкави. Кедах во минатото се нарекувал Сибури (таи : ไทรบุรี) од Сијамците, кои пак имале големо влијани на овие простори.
На север се наоѓа државата Перлис и меѓународните гранци со тајландските провинции Сонгхла и Јала, на југ и југозапад се државите Перак и Пенанг.
Главен град и кралска престолнина е Алор Стар.
Поделен е на 12 дистрикти.
Според пописот од 2003 во Кедах живеат следниве етнички групи: Малајци 1.336.352, Кинези 252.987, Индијци 122.911, Лица без државјанство 35.293 и други 27.532.
Надворешни врски Официјално мрежно место Кедах на малезискиот портал Malaysia Parlimentary Seats from Kedah (Dewan Rakyat) Kedah State Assembly Seats (DUN)
250п|лево|thumb|Телекомуникациската кула во главниот град Алор Стар
Категорија:Кедах Категорија:Држави и територии на Малезија