Емануел Греј „Еми“ Росум (родена на 12 септември 1986 г.) — американска глумица и пејачка.
Таа е позната по улогата на Фиона Галагер во телевизиската серија Бесрамници.http://www.hollywoodreporter.com/live-feed/shameless-star-emmy-rossum-make-907994 На почетокот на својата кариера, таа играла во филмовите Ловец на песни (2000), Американска рапсодија (2001) и Судбина (2002). Таа ѝ станала позната на пошироката јавност со улогата во мистериозната драма Мистична река (2003). Таа глумела во научнофанатастичниот филм Денот после утре (2004) и добила пофалби од критичарите за изведбата во главна улога во Фантомот од операта (2004). Таа оттогаш глумела во филмовите Посејдон (2006), Драгонбол: Еволуција (2009), Предизвик (2009) Прекрасни суштества (2013), Пред да исчезнам (2014), Ти не си ти (2014) и Комета (2014).
Во 2007 година, Росум го издала својот деби албум, Inside Out. Истата година таа издала божиќен мини-албум, насловен Carol of the Bells. Во 2013 година, таа го издала вториот албум Sentimental Journey.
Наводи
Надворешни врски http://www.emmyrossum.com/
Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски глумци Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Колумбија“ Категорија:Американски природозаштитници Категорија:Американски филмски глумци