Александар Џамбазов ( во Стапар — во ) — македонски диригент и композитор, великан на современата македонска музика. Тој е категоризиран во четвртата генерација македонски повоени композитори.

Животопис

Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и ревискиот оркестар. Има остварено безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство.

Творештво

Неговиот творечки опус е многу богат. Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент бил на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.

Награди

Добитник е на повеќе од 40 награди и признанија во Македонија и Југославија, меѓу кои и државната награда „11 Октомври“ и Наградата „13 Ноември” на Град Скопје.„Почина композиторот и диригент Александар Џамбазов“. Сакам да кажам. 25 јануари 2022.

Личен живот

Во брак бил со познатата македонска глумица Анче Џамбазова.

Негов син е познатиот глумец и телевизиско лице Игор Џамбазов, ќерка му била Тања Џамбазова.

Наводи

Извори Бунтевска, Сузана (2005). ЕНЦИКЛОПЕДИЈА Британика:С-Ф (Скопје:Топер). ISBN 9989-165-15-7.

Категорија:Македонски диригенти Категорија:Македонски композитори Категорија:Југословенски диригенти Категорија:Југословенски композитори Категорија:Членови на СОКОМ Категорија:Луѓе со потекло од Штип