Пателе (, Агиос Пантелејмонас, до 1926 г. Πάτελι, Патели или Πάτελε, ПателеΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πάτελι -- Άγιος Παντελεήμων) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општина Суровичево, Грција.

Географија и местоположба Селото се наоѓа на 39 км југоисточно од Лерин и на 6 км од Суровичево, на западниот брег на Островско Езеро. Сместено е на самиот југозападен брег на Островското Езеро крај железничката линија од Солун за Лерин и Битола по која е оддалечено 155 километри од Солун. Селото Пателе е расположено на надморска височина од 550 метри и порано било седиште на самостојна општина во Леринската околија, која опфаќала површина од 54 квадратни километри, од кои 21 се под езерските води. Според записите на Ѓорче Петров, еден час на североисток од Суровичево до брегот на Островското Езеро е расположено големото село – П’теле. Околината на селото е каменлива и без дрвја и шуми.

Историја

Праисторија, антика и средновековие

лево|мини|Древномакедонски наоди од Петерско и Пателе. Археолошки музеј, Лерин. Археолошките ископувања почнати во 1897 г. од стручњаци од Рускиот археолошки институт во Цариград под раководство на Фјодор Успенски и Павел Миљуков, откриле голема населба од железното време (халштатско) со голема некропола меѓу Петерското и Островското Езеро. Подоцна грчки археолози откриле и неолитска населба. Случајните наоди на површината говорат за присуството на други археолошки објекти во околината на Пателе — во месноста Росици се откриени траги од раното бакарно време, а на карпестиот рид Мечкина Дупка на 500 м североисточно од селото има траги од населба од раното железно време.

Во 1962 и 1966 г. некрополата од раното железно време, а во 1984 г. дел од ридот на кој бил древномакедонскиот град, се прогласени за споменици на културата.

На патот за с. Горничево на планината Мала Ниџе има остатоци од античка тврдина, дел од одбранбениот појас на македонската држава. Тврдината играла важна улога во средновековието. Според Васил Златарски, ова бил градот Петриск споменат од Јован Скилица, по кој е наречено блиското селото Петерско, и во кој Јован Владислав го убил царот Гаврил Радомир и завладеал со македонската држава.Васил Златарски. „История на Първото българско Царство. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852 – 1018)“, стр. 712.

Османлиско време Едни од најстарите пишани податоци за денешното село Пателе се среќаваат во турските пописни дефтери од век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде за селото Пателе е запишано дека било хас на султанот и имало 43 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 70 товари, јачмен до 73 товари, и имало далјани - ловиште на риби за што селото остварувало свкупен приход од 3215 акчиња Според записите на Ѓорче Петров од крајот на XIX век, селото П'теле имало околу 300 куќи Македонци, од кои околу 20 ја признавале Грчката патријаршија. Најпрвин егзархиско училиште во селото се отворило околу 1872/74 година, но после кратко постоење било затворено, а столовите испотрошени. Потоа околу 1880-тите, односно 13-14 години пред посетата на Ѓорче Петров, селаните се откажале од Грчката патријаршија. Во П'теле имало две училишта – егзархиско со 4 одделенија и 2 учители и гркоманско со еден учител. Во една од црквите („Св. Атанасиј“) оделе Македонците - гркомани, а во другата („Св. Петка“) Македонците – егзархисти. Во Пателе, во 1902 година загинал познатиот војвода Марко Лерински.Александар Матески, „Островско и Петерско Езеро“, Економија и бизнис, година 27, број 319, 15 септември 2024, стр. 52-53.

Во Грција Меѓу двете светски војни многумина се иселиле во странство, а по Граѓанската војна во Грција во која селото не настрадало многу, 76 семејства и 29 поединци побарале засолниште во Македонија и источноевропските земји.

Стопанство Главни занимања на селаните се земјоделството, лозарството и риболовот, а делумно е развиено и сточарството. Во однос на стопанството на крајот на XIX век, селаните ја обработувале земјата и произведувале пченица, ‘рж, јачмен, пченка и добро вино и ракија. Во селото имало и две мелници — една ветерница и друга на пареа.

Земјиштен спор со Нови Град На крајот од 1980-тите жителите на Пателе се впуштиле во земјиштен спор со жителите на соседното село Нови Град, чие население било заменето со грчки доселеници. Двете страни полагале сопственост врз 310 хектари новопојавено земјиште кое се ослободило со повлекувањето на Островското Езеро. Грчките жители на Нови Град веќе го сееле и орале земјиштето, додека пак оние на Пателе останале без разрешница. Кога во 1992 г. жителите на Пателе се обратиле кон управникот на Леринскиот Округ, Пападопулос, за образложение зошто не им се дава земјата која им припаѓа, Пападопулос им одговорил:

Население Селото Пателе отсекогаш било населено со Македонци и во тој поглед нема претрпено никакви етнички промени. Во пописот од 1913 година во селото се попишани 1791 жител, додека во 1920 година нивниот број се намалил на 1418, за во 1928 да порасне на 1501 жител. По Граѓанската војна и иселувањата бројот на жителите се движел од 1747 во 1940, на 1498 во 1951 и 1497 во 1961, за да опадне во 1971 на 161 поради зголеменото иселување во прекуокеанските земји, па 1068 во 1981, а во 1991 се намалило на 1003 жители со тенденција за натамошно опаѓање поради иселување. Година Население 1928 1501 1940 1747 1951 1498 1961 1497 1971 1161 1981 1068 1991 1003 2001 1110 2011 984

Општествени установи Во Пателе е сместена жандармериска станица која врши надзор и врз други околни села.

Културни и природни знаменитости мини|десно|Старата ветерница во селото Цркви Црква „Св. Атанасиј“ Црква „Св. Пантелејмон“ Манастири Пателски манастир („Св. Пантелејмон и Евула“) Споменици на архитектурата Куќа на Благовци Куќа на Кљаневци Пателска ветерница

Редовни настани

Личности Андреја Чипов (1904–1956) — комунистички деец, генерален секретар на Комунистичката партија на Грција Ташко Белчев (1926-2015) — славист и палеолингвист Корнелија Мракова-Пејовска (1928-2022) — народноослободителен борец и поетеса

Култура и спорт

Иселеништво Меѓу двете светски војни многумина се иселиле во странство и тоа 43 семејства во Бугарија, 9 семејства во Цариград, а другите во прекуокеанските земји, додека по Граѓанската војна во Грција 76 семејства и 29 поединци побарале засолниште во Македонија и источноевропските земји.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски Аерослика на Пателе

Категорија:Пателе