Тигар () — голема мачка со црвеникаво жолто-кафено пругаво крзно, распространета во шумите, пасиштата и мочуришните делови на Источна Русија, Јужна Азија, Суматра и Кина.
Тигарот живее самотно, лови ноќе, а омилен плен му се цицачите со средна големина, како на пример елените.Бунтевска Сузана, 2005: Енциклопедија Британика, стр. 167; С-Ф - Скопје: Топер. ISBN 9989-165-14-9 Нивната големина, бојата и формата на пругите се определени со местото и во зависност од подвидовите. Јужните тигри, како што е бенгалскиот тигар (P. tigris tigris), се помали и имаат значително посветли бои отколку тигрите распространети на север, како што е реткиот сибирски тигар (P. tigris altaica). Мажјаците растат до височина поголема од еден метар, достигнувајќи должина од 2,2 метри, не сметајќи ја опашката со должина од еден метар, а можат да достигнат тежина од 160 до 290 килограми. Тигарот живее околу 11 години.
Постојаното користење на деловите од телото на тигарот за правење различни тоници или лекови, независно од доказите за нивна неефикасност, се должи на вкоренетата стравопочит кон овие мачки што со милениуми ги инспирирале луѓето. Иако заштитени во меѓународни рамки, тигрите се вбројуваат во сериозно загрозените видови. Имено, само во последното столетие, нивната популација се намалила за повеќе од 90%, додека два подвида се сметаат за исчезнати.
Потекло на поимот Зборот „тигар“ доаѓа од грчкиот збор тигрис кој најверојатно потекнува од персиски збор што значи „стрела“, како опис на брзината на ова животно и потекло на името на реката Тигар. Тигарот, под името Felis tigris е еден од многу видови опишани во делото од 18 век Systema Naturae на Карл Лине . Panthera кое е дел од денешното име на овој вид, Panthera tigris, често се претпоставува дека потекнува од грчките зборови пан („сите“) и терон („ѕвер“). Сепак зборот пантера се смета дека најверојатно има источноазиско потекло и значи „жолтеникаво животно“ и „бело-жолто“.
Распространетост Во минатото, тигрите биле доста распространети во Азија од Кавказ и Каспиското Море, до Сибир и Индонезија. За време на 19. век, овие мачки целосно исчезнале од Западна Азија, и нивната распространетост била ограничена на изолирани области. Денес, овие фрагментирани области се протегаат од Индија на запад до Кина и Југоисточна Азија на исток. Северната граница на распространетост е близу реката Амур во југоисточен Сибир. Единствениот голем остров населен со тигри е Суматра. Овие животни изумреле на островите Јава и Бали за време на 20. век, а на Борнео се пронајдени само фосилни остатоци.
left|130px|thumb Живеалиште
Живеалиштето на тигарот има три главни одлики: секогаш има вегетација која му овозможува криење, секогаш е во близина на вода и има изобилство на плен. Бенгалскиот тигар на пример, живее во сите видови на шуми, вклучувајќи дождовни, зимзелени, полузимзелени, мангрoви до делтата на Ганг и листопадните шуми во Непал. За разлика од лавот, тигарот претпочита густа вегетација, на која е прилагодена неговата специфична шара, и каде самотниот начин на живот не е неповолност. Помеѓу сите видови на големи мачки, само тигарот и јагуарот се одлични пливачи. Тигрите често се среќаваат како се бањаат во бари, езера и реки. За разлика од останатите мачки, кои ја избегнуваат водата, тигрите всушност секогаш се одличуваат да живеат во нејзина близина. За време на најтоплиот период од денот, овие мачки се ладат лежејќи во барите. Доказ дека се одлични пливачи претставува и фактот дека честопати се забележани како го пренесуваат уловениот плен преку езера.
Таксономија и еволуција Најстарите пронајдени остатоци од мачка што наликува на тигар, на таканаречената Panthera palaeosinensis, се пронајдени во Кина и Јава. Овој вид живеел пред околу два милиони години за време на почетокот на плеистоценот и бил помал од денешниот тигар. Најстарите фосили на вистински тигри се најдени на Јава и датираат од пред 1,6 - 1,8 милиони години. Други фосили од раниот и средниот плеистоцен се пронајдени и во Кина и на Суматра. Фосили од подвидот наречен Тринилски тигар (Panthera tigris trinilensis) исто така се пронајдени на Тринил во ЈаваVan den Hoek Ostende. 1999. Javan Tiger - Ruthlessly hunted down. 300 Pearls - Museum highlights of natural diversity . Пристапено на 11 август 2006..
Тигрите се прошириле во Индија и Северна Азија за време на доцниот плеистоцен, стигнувајќи до источниот дел на Беринговиот копнен мост (но не навлегле на американскиот континент), Јапонија и Сахалин. Фосилите пронајдени во Јапонија покажуваат дека како и другите островски подвидови, и овие тигри биле помали од тигрите кои живеат на континентот. Ова најверојатно се должи на феноменот со кој големината на животните зависи од просторот на кој живеат (видете островска еволуција), или од пристапноста до плен. До холоценот, тигрите се населиле и на Борнео како и на островот Палаван на ФилипинитеPiper et al. The first evidence for the past presence of the tiger Panthera tigris on the island of Palawan, Philippines: Extinction in an island population. Palaeogeography, Palaeoclimatology, Palaeoecology 264 (2008) 123–127.
Подвидови Постојат осум подвидови на тигар, од кои два се изумрени. Распространетоста во минатото (која денес значително е намалена) се протегала низ Бангладеш, Сибир, Иран, Авганистан, Индија, Кина и југоисточна Азија, вклучувајќи и неколку индонезиски острови. Преживеаните повидови, почнувајќи од најбројниот, се:
thumb|right|Бенгалски тигар Бенгалски тигар (Panthera tigris tigris) познат и како Кралски бенгалски тигар, живее во делови од Индија, Бангладеш, Непал, Бутан и Бурма. Го среќаваме во најразлични живеалишта: пасишта, суптропски и тропски дождовни шуми, влажни и суви шуми со листопадни дрвја и мангрови. Мажјаците во дивината обично тежат 205-227 килограми, а женките околу 141 килограмSunquist, Mel and Fiona Sunquist. 2002. Wild Cats of the World. University Of Chicago Press, Chicago. Сепак, северноиндиските и непалските бенгалски тигри се поголеми од единките кои живеат на индискиот потконтинент, и просечна тежина на мажјаците изнесува 235 килограми. Иако научниците веќе претпоставувале дека популацијата на овие тигри изнесува под 2000 единки, сепак најновите пребројувања изведени од страна на индиската владаго потврдиле ова. Според проценките има само 1411 тигри во дивината (поради статистичка грешка се смета дека има помеѓу 1165 и 1657 единки), што е пад од 60% во последната декада. Од 1972 година, постои голем проект за заштита на бенгалскиот тигар, познат како Проект Тигар (Project Tiger). Проектот се смета за успешен иако најмалку еден резерват за тигри (Резерватот Сариска) ги изгубил сите тигри поради ловокрадство (Архива)..
thumb|right|Индокинески тигар Индокинески тигар (Panthera tigris corbetti), познат и како Корбетов тигар, е подвид кој го среќаваме во Камбоџа, Кина, Лаос, Бурма, Тајланд и Виетнам. Овие тигри се помали и со потемно крзно од бенгалските тигри. Мажјаците тежат од 150 до 190 килограми, а женките се помали и тежат 110-140 килограми. Омилено живеалиште им се шумите во ридско-планинските региони. Проценките за популацијата на овој вид варираат од 1200 до1800 единки, од кои само неколку стотини во дивината. Сите постоечки популации се подложени на голем ризик од ловокрадство, намалување на пристапноста до плен (поради лов на нивниот најчест плен како елени и диви свињи, фрагментација на териториите и проблеми поради парење меѓу блиски роднини (инбридинг). Во Виетнам ското три четрвртини од убиените тигри служат за снабдување на традиционалните кинески аптеки.
thumb|right|Малајски тигар Малајски тигар (Panthera tigris jacksoni) е подвид кој живее единствено во јужните делови на Малајскиот полуостров. Овој тигар бил признат како посебен подвид дури во 2004 година. Оваа нова класификација се должи на истражувањата направени од страна на Лабораторијата за генетски диверзитет која е дел од Националниот иститут за рак во САД. Според последните пребројувања постојат 600-800 единки во дивината, што ги прави третата најголема популација, зад бенгалскиот и индокинескиот тигар. Малајскиот тигар е најмал од сите подвидови на тигри кои живеат на копно, мажјаците тежат во просек околу 120 килограми, а женките 100 килограми. Малајскиот тигар е национален симбол на Малезија и се појавува на нејзиниот грб, како и на многу логоа на малезиски институции.
thumb|right|Суматрански тигар Суматрански тигар (Panthera tigris sumatrae) е критично загрозен подвид Податоците содржат и објаснувања за конзервацискиот статус на овој подвид. кој живее единствено на индонезискиот остров Суматра. Ова е најмалиот од сите живи подвидови на тигри – возрасните мажјаци тежат меѓу 100 и 140 килограми, а женките од 75 до 110 килограми* (1999) Walker's Mammals of the World. Johns Hopkins University Press. ISBN 0-8018-5789-9. Малата големина на овие тигри се должи на адаптацијата на густата вегетација која е присутна на островот, како и поради лов на мали животни. Популацијата во дивината се проценува на 400-500 единки, кој главно живеат во националните паркови. Најновите генетски истражувања откриле присуство на уникатни генетски маркери, што значи дека е можно овој подвид да се развие во посебен вид доколку не изумреCracraft J., Feinstein J., Vaughn J., Helm-Bychowski K. (1998) Sorting out tigers (Panthera tigris) Mitochondrial sequences, nuclear inserts, systematics, and conservation genetics. Animal Conservation 1: 139–150.. Поради ова се смета дека заштитата на суматранските тигри треба да биде приоритет за биолозите. Иако уништувањето на природното живеалиште претставува најголема закана (сечењето на дрвјата се врши дури и во националните паркови), сепак помеѓу 1998 и 2000 година биле убиени 66 тигри, што е скоро 20% од вкупната популација.
thumb|right|Сибирски тигар Сибирски тигар (Panthera tigris altaica) познат и под имињата Амурски, Манчуриски, Кoреански или Севернокинески, е подвид кој живее во регионот меѓу реките Амур и Усури, во Приморскиот крај и Хабаровскиот крај во источен Сибир. Овој тигар се смета за најголем подвид. Должината на главата и телото е 190-230 сантиметри (опашката е долга 60-110 сантиметри), а просечната тежина е околу 227 килограми за мажјаците. Одлика на овие тигри е и густото крзно со бледо златна нијанса и помал број на пруги. Најтешкиот регистриран сибирски тигар тежел 384 килограмиGraham Batemann: Die Tiere unserer Welt Raubtiere, Deutsche Ausgabe: Bertelsmann Verlag, 1986. , но според Вратислав Мазак овие податоци никогаш не биле потврдени од сигурни извори Vratislav Mazak: Der Tiger. Nachdruck der 3. Auflage von 1983. Westarp Wissenschaften Hohenwarsleben, 2004 ISBN 3 894327596. Сепак, за споредба, 6-месечен сибирски тигар може да биде со иста големина како целосно пораснат леопард. На двете последни пребројувања (1996 и 2005 година) покажале присуство на 450-500 тигри во регионот, што ги прави најголема неподелена популација во светот. Генетските истражувања во 2009 година покажале дека Сибирскиот тигар и западниот касписки тигар (за кој се сметало дека е посебен подвид кој изумрел во дивината во доцните 1950-ти) се всушност ист подвид, а нивната поделба на две популации можно е да се случила за време на претходниот век како последица на човечко влијаниеMitochondrial Phylogeography Illuminates the Origin of the Extinct Caspian Tiger and Its Relationship to the Amur Tiger.
thumb|right|Јужнокинески тигар