„Базенот на принцезите“ — германски документарен филм од 2007 година во режија на Бетина Блимнер.
Синопсис 15-годишните тинејџерки Клара, Мина и Тануша, кои израснале со своите мајки во населбата Берлин-Кројцберг, се познаваат уште од градинка. Најдобрите другарки одат заедно по забави, им се допаѓаат слични момчиња и целото лето го поминуваат на „Принценбад“, големиот отворен базен среде нивната населба, нивниот „Базен на принцезите“. На прагот од светот на возрасните сите три девојчиња почнуваат да го бараат својот сопствен пат во животот: Клара го прекинува училиштето, Мина сака да биде заедно со своето момче, а Тануша бара од мајка си повеќе слобода.
Надворешни врски Bettina Blümner (English) Prinzessinnenbad
Категорија:Германски филмови Категорија:Филмови од 2007 година