Љанг Гуангље (, пинјин: Liáng Guāngliè; - ) — поранешен министер за одбрана на Кина и генерал во Народноослободителна армија (воените сили на Кина).

Животопис Роден е во Сантај, Сечуан. Стапил во воена служба во јануари 1958 г, а се зачленил во Комунистичката партија на Кина во ноември 1959.

Од декември 1993 до јули 1995 г. бил на функцијата Начелник на генералштабот на Пекиншката воена област

Од јули 1995 до декември 1997 г. бил поткомандант на Пекиншката воена област.

Од декември 1997 до декември 1999 г. бил командант на Шенјаншкиот воен регион.

Од декември 1999 до ноември 2002 г. бил командант на Нанџиншката воена област и потсекретар на комитетот на комунистичката партија за Нанѓинг.

Љанг бил Начелник на Генералштабот на Народноослободителната армија од 2002 до 2007 г. По ова бил на функцијата државен советник и Министер за одбрана, членувајќи и во Централнiot воен комитет.

Наизменично членувал и во XIII и XIV Централен комитет на Комунистичката партија, а член е и на XV, XVI и XVII Централен комитет.

Генерал Љанг се повлекол од министерската функција на XVIII Национален конгрес на КПК кон крајот на 2012 г. и отишол во пензија. на негово негово место дошол генералот Чанг Ванчуен.Li, Cheng, "China’s Midterm Jockeying: Gearing Up for 2012 (Part 3: Military Leaders) "

Извори

Кинескиот генерал Љанг Гуангље назначен на клучна воена функција (Франс-Прес преку Стрејтс Тајмс)

Наводи

Категорија:Министри за одбрана на Кина Категорија:Кинески генерали Категорија:Началници на генералштабови