Стефан Душан — српски цар кој поради незадоволство од владеењето на татко му, во 1331 година го симнал од престолот и станал нов владетел на Српската држава. Успеал да ја освои цела Македонија, делови од Епир, Тесалија и Централна Грција, и со тоа Србија станала најголемата феудална држава на Балканот во тоа време. Во 1346 година поради почитта што ја имал кон Охридска архиепископија се прогласил за цар на „Србите и Ромеите“ во Скопје и го издал познатиот Душанов законик. Царот Душан ја подигнал Српската црква на степен на патријаршија. По смртта на Душан во 1355 година, го наследува син му Урош, а српската држава почнува да слабее.

Прогласувањето на Душан за крал Стефан Душан е роден околу 1308 г. и бил првороден син на Стефан Дечански (кој бил син на Стефан Милутин и Ана Тертер - Бугарска) и Теодора Смилец Теодора (која била ќерка на бугарскиот цар Смилец. Детството го поминал во прогонство во Цариград, каде што живеел со неговиот ослепен татко Стефан Дечански. Од страната на неговиот татко, тој е внук на Ана Бугарска - ќерка на бугарскиот крал Георги I Тертер и сопруга на Стефан Милутин. На тринаесетгодишна возраст станал совладетел на неговиот татко Стефан Дечански. На дваесетидвегодишна возраст бил избран за српски крал. Пред да почне со освојувањата, Стефан Душан морал да ја среди ситуацијата во државата. „А, ако некој сака да чуе за оној што владее со Рашка, за синот на слепиот, ќе знае дека иако е помал по тело и помлад, сепак, со својата навистина нечуена отровна злоба и дрска волја, своите стари ги превишува и надминува“Сп. Ј. Белчовски, Гијом Адам упатство за патување во Светата земја, 1932 год. Тој најпрвин го отстранил од власт неговиот татко Стефан Дечански кој се наоѓал во Петрич, а потоа бил заробен и испратен во Звеќанин каде што брзо потоа бил задавен. Така, Стефан Душан се прогласил за крал на 8 септември 1331 година, во Скопје. мини|230px|десно|Душановото царство

Средување на внатрешната состојба Во пролетта 1332 г. избувнал бунт на феудалците во Зета под водство на Богоја и Димитриј Сум кој претходно му помогнал на Душан да ја освои власта. На страна на востаниците застанал барскиот епископ Гиј Адам кој го повикувал францускиот крал да ја нападне Србија и да им помогне на Латините и католичките Албанци. Востанието се проширило и во Албанија и на крајот било задушено. Истата година тој склопил сојуз со Бугарија и се оженил со бугарската принцеза Елена сестра на Јован Александар. За момент се откажал од српското право врз Хум и оваа прашање го оставил за подоцна. Во 1333 година издал повелба во која на Дубровчаните им ги отстапил Стон и Пелешец како и приморјето и островот Посредница на устието на Неретва кој им бил многу важен на Дубровчаните. Тие најпрвин му исплатиле 8000 перпери, а потоа се обврзале да му плаќаат данок на Душан 500 перпери годишен данок. Со помош на Дубровчаните ги средил односите со Босна. Откако ги средил внатешните прилики и односите со Бугарија Душан решил да започне војна против Византија за освојување на нови територии. Неговите освојувања претставуваат продолжение на оние што ги водел кралот Милутин. „Споменот за него како мудар и моќен владетел останал да живее долго после него“Lo imperator Stefano el qual to salvio sengor et posente упатство на дубровничките пратеници на босанскиот крал од 10 јуни 1403 г.. Биле освојени Македонија, Албанија, Епир и Тесалија, кои биле заземени благодарени на граѓанските војни кои се воделе во Византија. Душан ги искористил непријателствата меѓу Унгарците и Венецијанците за превласт на јадранското крајбрежје. Бил во добри односи со Венецијанците и им помагал во борбата против Анжујците.

Првата етапа од освојувањата кон Византија

Додека Стефан Душан се подготвувал за војна против Византија во Србија избегал византискиот војсководач Сиргијан кој бил син на еден кумански кнез и некоја Гркинка и бил обвинет за завера. Тој му ги понудил своите услуги на српскиот крал. Во пролета 1334 г. Стефан Душан започнал офанзива на југ, кон Македонија. Византијците имале погранични тврдини спрема Србија. Тоа биле: Сер, Мелник, Струмица, Прилеп, Охрид, Кроја, Белград, и Валона. Целта на овие тврдини биле да ги штитат областите кое биле претежно населени со Словени, Власи и Албанци. Српската граница спрема Византија започнувала јужно од Леш и обваќала градовите Пирот, Дебар, и Полог, како и Кичево, Велес, Просек, Штип и завршувала јужно од Велбужд (Ќустендил). Биле освоени Прилеп, Охрид и Струмица, а Сиргијан ги освоил Костур и некои утрвдувања во негова близина. Во опасност од српски освојувања се нашол и градот Солун во чија околина се појавиле српски војски. Византискиот цар Андроник III Палеолог дошол со војска пред градот. Еден дел од жителите на Солун биле спремни да ги отворат портите на градот. Намесникот на Лерин Сфранц Палеолог со знаење на царот преминува на страна на Србите. Тој на брегот на реката Галико успеал да го убие Сиргијан. „Сиргијан којшто умирал, го донеле во српскиот табор, каде што Стефан Душан како пријател го оплакувал и свечено го погребал“Сфранц како награда бил унапреден. Со тоа Византијците успеале да ги подобрат своите позиции во борбата против Србите. Смрта на Сиргијан ги пореметила српските планови. Стефан Душан се откажал од идејата за заземање на Солун. На 26 август 1334 г. се одржала средба меѓу Стефан Душан и Андроник III каде што бил постигнат мировен договор. Со овој договор Србите од освоените територии ги задржале само Струмица и Прилеп. Како надомест за изгубениот Просек, Србите го добиле новоизградениот град Гинекокастрон којшто се наоѓал во Солунското Поле. „Гинекастрон со јака кула, која била толку утврдена, што градот би го одбранила и женска посада“План известија арх. Инст. IV (1989) 31. На Србите им се заканила опасност од Унгарците. Нивниот крал Карло Роберт (1308-1342) сакал да ја нападне Србија.

Војната со Унгарија

По склучувањето мир со Византија, Стефан Душан ги насочил своите сили кон одбрана на српската граница со Унгарија. Унгарскиот крал Карло Роберт ја искористил зафатеноста на Србија во војната со Византија и во летото 1335 година навлегол во северните делови на Србија, кои претходно биле под владение на {Стефан Драгутин}. Стефан Душан тргнал со војска кон манастирот Жича потпомогнат од Византискиот цар Андроник III. Благодарение на ова била отстранета унгарската опасност. „Карло се повлекол преку Сава, божем поради помошта на византиските чети кои за тоа српскиот крал богато ги наградил“Данило 227 и д. Kantakezionos II, сар. 25. О односима измеѓу Србије и Унгарске 1331-1355. Унгарската војска морала да се повлече преку Сава. Во овие судири учествувал и босанскиот бан на унгарска страна но неговите војсководци Руѓер и Милтен преминале на страна на Србите. Србите ја освоиле Мачва која што Унгарците ја освоиле во 1319 година. Војната со Унгарија продолжила и во наредните две години. Дејствијата претежно се одвивале на српско-унгарската граница. Но сепак таа војна била од второстепено значење бидејќи Душан имал намера да ги продолжи освојувањата на југ кон Византија. На 12 април 1336 г. преку Дубровник во Србија дошле пратеници на австрискиот кнез Отон кои ги испратил германскиот витез Палман кој бил водач на наемниците во српската служба.Станувало збор за женидба на српскиот крал со принцезата Елисавета која била ќерка на покојниот германски крал Фридрих убавиот. Принцезата била згрозена од планот за нејзина мажачка со Душан и се разболела и умрела на 23 октомври 1336 г. Ова довело до заладување на односите меѓу Душан и царицата Елена, но таа во меѓувреме му го родила синот Урош 1337 г. мини|десно|Цар Стефан Душан со семејството

Втората етапа од освојувањата кон Византија

Византискиот цар Андроник III Палеолог успеал да ја обнови византиската власт во копнена Грција, односно Тесалија каде што умрел обласниот господар севастократорот Стефан Гавриопол којшто бил потомок на лозата на Ангелите. Во 1336 г. успеал да ја воспостави својата власт над Тесалија. Дошло до измена на етничкиот состав на населението. Започнало спуштање на Власите во рамничарските предели и селење на Албанците на југ. Андроник сакал сојуз со Србите заради војната ви Епир. Станувало збор за територија под власт на Анжујците каде што живееле Албанци кои се колебале помеѓу Србите Франките и Византијците. Неколкумина Албански балгородници му ветувале на напулскиот крал Роберт дека ќе се одмедтнат од српскиот крал доколку неговата војска дојде во Албанија. Ова било поврзано со настаните во Белград и Валона каде што албанските сточари опустошувале византиски градови и тврдини. Меѓутоа уште истата 1337 година драчкиот капетан Гијем де Сенсеверино бил заробен од страна на кнезот Танусиј Топиј којшто бил господар на областа меѓу реките Мата и Шкумби. Поради ова царот Андроник презел поход прротив Албанците при што им одзел поголем дел од стадата и на жителите на тие градови им ја надокнадил штетата. На седумдневниот состанок во Радовиш биле потврдени добрите односи меѓу Србија и Византија. Пријателските односи меѓу Србија и Византија траеле до смрта на царот Андроник во јуни 1341 г. На византискиот престол застанал малолетниот син на Андроник Јован V Палеолог (1341-1391). Во византиските владеачки кругови дошло до несогласување околу тоа кој треба да биде регент на малолетниот цар. Како резултат на тоа дошло до нова граѓанска војна во Византија. Ова му одело во прилог на кралот Стефан Душан. За регент на малолетниот цар била избрана неговата мајка Ана Савојска, која била поддржувана од Алексиј Апокавт кој бил по потекло од мала Азија. Со тоа не се сложил Јован Кантакузин кој бил истакнат византиски феудалец и најверен соработник на царот Андроник. Против него билоа создадена опозиција на чело со Алексиј Апокавк и цариградскиот патијарх Јован Калекас.