Телевизиска мрежа — филм од 1976 за фиктивна телевизиска мрежа, „Јунион бродкастинг систем“ (UBS), и нејзината борба со ниските рејтинзи. Филмот е напишан од Педи Чаефски а режиран од Сидни Ламет. Во филмот играат познати ѕвезди како Феј Данавеј, Вилијам Холден, Питер Финч, Роберт Дивал, Весли Ади, Нед Бити и Беатрис Стрејт. Филмот освоил 4 оскари, вклучувајќи Оскар за најдобар глумец, Оскар за најдобра глумица, Оскар за најдобар спореден глумец и Оскар за најдобро оригинално сценарио.
Телевизиска мрежа продолжува да добива признанија, декади после првото прикажување.
Заплет Приказната започнува со долгогодишниот главен водител на „Вечерните ЈуБиЕс вести“, кому му остануваат уште две недели во етерот, кој во живо најавува дека на следните вести ќе изврши самоубиство.Бидејќи Чаефски почнал да го пишува сценариото истио месец кога Кристин Чабик се самоубива во живо на телевизија, во книгата Новинарство во филмовите (ISBN 0-252-02934-8), се шпекулира дека тоа било инспирација на сценаристот.
ЈуБиЕс веднаш го отпуштаат после инцидентот, но на иницијатива на продуцентите за последен пат го пуштаат во живо за достоинствено да се поздрави со публиката. Напротив, тој ја користи емисијата за да се жали колку животот му е „срање“. Иако има сериозни реперкусии после овој настап, рејтингот на телевизијата неочекувано пораснува, а водителот останува на работа.
Наводи
Категорија:Филмови од 1976 година Категорија:Американски сатирични филмови Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик