Јохан Балтазар Нојман (; 27 јануари 1687 - 19 август 1753) — германски воен инженер и архитект со свој карактеристичен стил на барокна архитектура, сплотувајќи австриски, чешки, италијански и француски елементи во своите проекти, создавајќи едни од најимпресивните зданија на своето време, меѓу кои се Вирцбуршкиот дворец и Базиликата на Четиринаесетте Свети Помошници („Фирценхајлинген“).

Животопис мини|лево|Внатрешноста на Базиликата на Четиринаесетте Свети Помошници Нојман е роден во Егер (Хеб) во областа Чешка. Во 1711 г. се преселил во Вирцбург, додека во 1717 нашол покровителство кај семејството Шенборн. Тој бил одговорен за сите градежни потфати на шенборнскиот кнез и епископ на Вирцбург. Нојман починал во Вирцбург, Германија.

Дела Најпознатото дело на Нојман е Вирцбуршкиот дворец, кој се смета за еден од најубавите и најускладени палати во Европа, а базиликата Фирценхајлинген некои ја сметаат за бисер на тој период.

Неговото последно дело е црквата на Посетата на Богородица, барокно ремек-дело кое се наоѓа близу Елтман на Мајна.

Паметници Неговиот лик може да се види на банкнота од поранешни 50 германски марки заедно со прочуеното скалиште во Вирцбуршкиот дворец. Нојман е овековечен на еден од фреските на Џовани Батиста Тјеполо во истиот дворец, прикажан во псевдовоена униформа, како се потпира врз топ. Тој се фалел дека таванот е така добро конструиран, што дури ни топ не може да го сруши.

мини|десно|400п|Вирцбуршкиот дворец со градините

Надворешни врски

Енциклопедија на светската биографија Јохан Балтазар Нојман — Католичка енциклопедија

Категорија:Барокни архитекти Категорија:Германски архитекти Категорија:Родени во 1687 година Категорија:Починати во 1753 година Категорија:Луѓе од Хеб