Југа (деванагари: युग) во Хинду филозосфијата е име за `епоха` или `ера` во циклус од четири доба. Тоа се: сатја југа (или крита југа), трета југа, двапара југа и кали југа. Според индиската астрономија, светот се создава, се уништува и повторно се создава на секои 4.320.000 години (маха југа).Светска митологија, од Дона Џ. Розенберг, 1994, McGraw-Hill Professional, ISBN 0-8442-5767-2, стр. 327 За циклусите се вели дека се повторуваат како сезони во еден огромен временски циклус на создавање и уништување на универзумот. Секоја југа со себе носи постепени промени низ кои минуваат Земјата и човештвото во целина. Целосниот југа циклус од златното доба на просветлувањето до мрачното доба и назад е предизвикано од движењето на Сончевиот Систем околу центарот на универзумот.
Наводи
Категорија:Теории на историјата Категорија:Единици за време Категорија:Хиндуистички поими