мини|250п|десно|Релјефна карта на Ирското Море. Шпедитивните и патничките пристаништа се обележани со црвени точки. Исклучиво шпедитивните пристаништа се обележани со сини точки. Ирско Море (ирски: Muir Éireann или Muir Meann; шкотски: Muir Eireann велшки: Môr Iwerddon, мански: Mooir Vannin, англиски: Irish Sea) — водна површина која ги дели островите Ирска и Велика Британија. Поврзано е со делот на Келтското Море од Атлантскиот Океан со Светигеоргиевиот Проток помеѓу Ирска и Велс, а на север со Северниот Проток помеѓу Северна Ирска и Шкотска што е дел од т.н. „Морско подрачје на Внатрешните Мориња вон западниот брег на Шкотска“. Островот Ман се наоѓа во Ирското Море. Ова море е од големо значење за регионалното стопанство, трговија, шпедиција и транспорт, риболовот и електростопанството во облик на ветерна сила и атомски централи. Веќе долго време се одвива полемика во врска со градењето на 80-километарски железнички тунел кој би ги поврзал Британија и Ирска. Помеѓу Британија и Ирска годишно сообраќаат 12 милиони патници и 17 милиони тони трговска стока.
Поврзано Кардигански Залив Северен Проток Светигеоргиев Проток
Категорија:Мориња во Атлантскиот Океан Категорија:Географија на Ирска Категорија:Британски Острови Категорија:Земјишни облици на Ирска Категорија:Мориња во Европа Категорија:Мориња во Обединетото Кралство Категорија:Мориња во Ирска