Настани 1740 — Фридрих II станува крал на Прусија. 1740 — гладот во Ирска, кој траел две години, убил 10% од населението. 1740 — започнала Војната за австриското наследство. 1741 — Русите почнуваат да ги населуваат Алеутските Острови. 1741 — Елисавета Петровна станува царевица на Русија. 1741 — папата Бенедикт XIV го издава Immensa Pastorum principis против ропството. 1744 — Мохамед ибн Сауд ја основа првата саудиска држава. 1747 — Ахмед Шах Дурани го основа Дуранското Царство на подрачјето на денешен Авганистан.
Личности Родени 1740 — роден Иван VI, император на Русија. 1740 — роден Папа Пиј VII. 1740 — роден Маркиз де Сад, француски аристократ, политичар, филозоф и писател познат по неговиот бурен начин на живот. 1740 — роден Џејмс Босвел, шкотски биограф. 1741 — роден Али-паша Јанински, османлиски феудалец од албанско потекло, паша на Јанина, а потоа одметник од централната османлиска власт и независен владетел. 1741 — роден Јосиф II, ладетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство. 1741 — роден Пјер Шодерло Де Лакло, француски армиски генерал, државен службеник и писател. 1741 — роден Петер Симон Палас, германски зоолог и ботаничар кој работел во Русија. 1743 — роден Антоан Лавоазје, француски научник и математичар. 1743 — роден Џозеф Бенкс, англиски ботаничар. 1743 — роден Жан-Симон Бертелми, француски сликар. 1743 — роден Лујџи Бокерини, италијански композитор и виолончелист. 1743 — роден Гаврила Романович Державин, руски поет. 1743 — роден Жан Пол Мара, доктор, физичар, истражувачки научник за топлина, светлина и електрицитет, политички теоретичар, книжевник и полиглот, а најдобро познат по својата кариера во Франција како радикален новинар и политичар за време на француската буржоаска револуција. 1743 — роден Чарлс Камерон, шкотски архитект. 1743 — роден Томас Џеферсон, третиот претседател на САД, главниот автор на Декларацијата за независност. 1744 — роден Жан Батист Ламарк, француски природонаучник и филозоф. 1744 — роден Конрад Менх, германски ботаничар. 1745 — роден Алесандро Волта, италијански физичар. 1746 — роден Фридрих Хајнрих Вигерс, германски ботаничар. 1746 — роден Франциско Гоја, шпански сликар. 1746 — роден Григориј V Цариградски, вселенски патријарх. 1746 — роден Тадеуш Кошќушко, полски, белоруски и литвански национален херој, генерал и водач на востанието од 1794 година против Русија. 1746 — роден Гаспар Монж, француски математичар. 1746 — роден Јохан Хајнрих Песталоци, швајцарски педагог и реформатор. 1748 — роден Адам Вајсхаупт, германски филозоф и основач на илуминатите. 1748 — роден Џозеф Брама, англиски бравар и пронаоѓач. 1748 — роден Луј Жан Пјер Вјејо, француски орнитолог. 1748 — роден Јохан Фридрих Гмелин, германски природонаучник, ботаничар, ентомолог, херпетолог и малаколог.. 1748 — родена Олимпија де Гуж, француски драмски писател и политички активист. 1748 — роден Жак-Луј Давид, француски сликар, претставник на неокласицизмот. 1748 — роден Антоан Лоран де Жисје, француски ботаничар, познат како првиот што објавил биолошка класификација на цветните растенија, во голема мера непроменета до денес. 1748 — роден Карло IV, крал на Шпанија. 1749 — роден Јохан Волфганг фон Гете, германски романописец, поет, драматург, хуманист, научник, филозоф и десет години премиер на војводството Вајмар. 1749 — роден Едвард Џенер, англиски лекар, пронаоѓач на вакцината против големи сипаници. 1749 — роден Оноре Габриел Мирабо, француски политичар и државник. 1749 — роден Доменико Чимароза, италијански композитор.
Починати мини|Починал холансдскиот сликар Јан ван Хејсум 1740 — почината Ана Ивановна, царица на Русија во периодот од 1730 до 1740 година. 1740 — починат Карло VI, владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство и крал на Германија (1711-1740), војвода од Тишен (1711–1722), надвојвода на Австрија, крал на Хрватска (како Карло III), крал на Бохемија (како Карло II) и крал на Унгарија (како Карло III) (1711–1740) и претендент кон шпанскиот престол до 1711 година. 1740 — починат Папа Климент XII, римски папа од 12 јули 1730 до 6 февруари 1740. 1741 — починат Антонио Вивалди, венецијански свештеник и композитор од времето на барокот, како и познат виолинист. 1741 — починат Шарл Ролен, француски историчар и просветител. 1743 — починат Ијасент Риго, француски барокен сликар од каталонско потекло. 1744 — починат Џамбатиста Вико, италијански филозоф. 1744 — починат Александар Поуп, англиски поет од 18 век, најпознат по неговите сатирични стихови и преводот на Хомер. 1744 — починат Андерс Целзиус, шведски физичар и астроном. 1745 — починат Карло VII, владетел од династијата на Вителсбаховците како цар на Светото Римско Царство (1742-1745), крал на Бохемија (1741-1743) и Изборен кнез на Баварија (1726–1745). 1745 — починат Џонатан Свифт, најголем англиски критичар еден од најостроумните критичари на човековата природа и општествените процеси. 1746 — починат Филип V, француски и крал на Шпанија, прв претставник од Бурбонската династија во Шпанија кој се качил на престолот. 1747 — починат Ален Рене Лесаж, француски писател, основоположник на модерниот реалистички роман. 1747 — починат Алесандро Марчело, италијански благородник, композитор и музичар. 1747 — починат Неофит VI Цариградски, вселенски патријарх. 1749 — починат Јан ван Хејсум, холандски сликар.
Откритија
...
Категорија:18 век Категорија:1740-ти