мини|upright=1.2|Римски бројки на крмата на бродот „Кати Сарк“ што го покажуваат газот (длабината на делот под вода) во стапки. Броевите се движат од 13 до 22, од долу кон горе. Римските бројки се броен систем кој потекнува од Стариот Рим, а доста се користел и во средниот век, со мали измени. Броевите наведени во табелата се третирале како „основни“ и за нив постоеле основни знаци.
АрапскиРимски 1 I 5 V 10 X 50 L 100 C 500 D 1000 M
Останатите броеви се добиваат со додавање или одземање на знаци. На пример броевите после основниот број во горната табела се добиваат со додавање на знаци до „трето ниво“ а броевите непосредно до основниот број се добиваат со одземање на знак лево од претходниот основен број.
Пример 2 се добива со додавање на еден знак I до I, 3 со додавање на 2 знака II до I, 8 со додавање на 3 знака до V, 30 додавање на 2 знака XX до X. Додека пак броевите 4, 9, 40 итн. се добиваат на следниот начин. Пред бројот 5 (V) се става знак I (што значи 5-1 = 4) и IV e бројот 4. Пред X се става знакот I и се добива бројот IX (односно 10 - 1 = 9). Пред L се става X и се добива XL (т.е. 50-10=40). Пред М се става C и се добива CM (т.е. 1000-100=900), итн.
Еве некои римски броеви:
Арапски бројРимски број 1 I 2 II 3 III 4 IV 5 V 8 VIII 9 IX 10 X 20 XX 22 XXII 40 XL 50 L 79 LXXIX 90 XC 100 C 149 CXLIX 399 CCCXCIX 400 CD 500 D 900 CM 1000 M
Категорија:Броеви