Адријан I (лат. Hadrianus PP. I; ? - 25 декември 795) — римски папа од 1 февруари 772 до 25 декември 795Сите папи досега: целосен список на The Guardian.

Поддршка на политиката на Карло Велики

Потекнувал од римското благородништво. Водел профранкска политика. По седнувањето на престолот на Карло Велики, тој го повикал него во борба против Лангобардите. Во 774, тој на Карло му ја доделил титулата патриција. Карло Велики ја продолжил адрежливоста на Пипин Малиот, меѓутоа создал Папска област, само за време на својата посета на Рим во 781. Новосоздадената територија го вклучувала Лацио, Равенската егзархија, Пентапол и Сабина, но Карло не му го дал ни Милано, ни војводството Сполето.

Духовна власт

По третиот поход на Карло во Италија, во 787, папата Адријан го проширил своето владеење за сметка на Беневентското војводство. Тој започнал да го искористува својот духовен авторитет во борбата со противниците на Карло. Меѓутоа како резултат на тоа, во решавањето на религиозните прашање, се покажало дека папата е зависен од кралот.

Во 785, Адријан влегол во спор против иконоборството, испраќајќи порака до Цариград. легати на папата присуствувале на Седмиот вселенски собор, одржан во Никеја(787), поддржувајќи го иконопочитувањето. Теолози на Карло Велики воделе борба против адпоцианството, без во тоа да учествува и папата Адријан.

Епитафот на папата Адријан, во базиликата Свети Петар го напишал Алкуин.

Надворешни врски Делумно писмо на папатаАдријан од втората сесија на Седмиот вселенски собор

Наводи

Категорија:Родени во 700 година Категорија:Починати во 795 година Категорија:Папи Категорија:Италијански папи Категорија:Италијанци од 8 век Категорија:Архиепископи од 8 век Категорија:Христијански светци од 8 век Категорија:Франкско папство Категорија:Луѓе од средновековен Рим Категорија:Погребани во базиликата „Свети Петар“