right|thumb|250px|Лешек Белиот на цртеж Лешек I Белиот (пол. Leszek Biały; ~ – ) — кнез на Сандомјеж и (од 1202 до 1206 г.), Кнез на Краков. Лешек бил владетел на Полска од 1194-1227 освен во кратките периоди кога бил симнуван од власт во 1200, 1201 и 1206 г. Неговото право на престолот го оспорувале Мјешко III Стариот и Владислав III Тенконогиот. Лешек бил официјално крунисан во 1202 г.
Други извори даваат уште посложена слика за владеењето на Лешек, каде помеѓу 1198 и 1211 г. Лешек бил симнуван од престолот на уште повеќе наврати. Според овој план, се смета дека тој бил отстранет во 1198, вратен во 1199, симнат во 1202 и повторно поставен во 1206, па потоа отстранет по третпат во 1210 и поставен во 1211 г. При неговото трето симнување од власт, за врховен владетел на полска бил назначен Мјешко IV Плетоногиот.
Лешек бил син на Казимјеж II Праведниот и жена му Хелена Зноемска. Со смртта на Казимјеж, Лешек се повикал на правото врз територии од Сандомјеж.
Во 1205 г. Лешек го поразил Роман Мстиславич, Кнез на Киевска Русија, во Битката кај Завихост во Малополска.
Во 1207 г. Лешек ја ставил Полска под вазалство на папата (тогаш, Инокентиј III). Ова ја поставило Полска во дружината на пропапски територии кои ѝ се спротивставувале на власта на Светиот Римски цар.Оскар Халецки и Антони Полонски. A History of Poland стр. 28
По ова, Лешек влегол во потесна соработка со архиепископот Хенрик Кјетлич во имплементацијата на реформите на папата Инокентиј III.Халецки и Полонски. Poland. стр. 29
Лешек војвуал со Унгарија за власта над Галиција, но не успеал да ја прошири својата власт над тие територии.http://artyzm.com/matejko/poczet/e_bialy.htm Меѓутоа Лешек постигнал спогодба со Унгарија за ширење кон исток, според која унгарскиот принц би се оженил за една од Лешековите ќерки и така што биде поставен за вазал на Унгарија, со очигледна корист и за Полска. Меѓутоа кралот Данило Галички, син на починатиот крал Роман Мстиславич, во 1214 успеал да ја дограби власта во Галиција и така намерите на Полска за превласт и ширење на католицизмот во тие краеви пропаднале.
Брак Лешек се оженил за Гшимислава Луцка во 1207 г. Таа била ќерка на Ингвар Луцки, владетелот на Луцк и околината, како дел од Галиција. Така овој брак станал дел од Лешековата политика за експанзија на исток.
Деца Лешек има ќерка, Саломеја Краковска, родена во 1211 г. Таа се омажила за војводата Коломан.http://www.thepeerage.com/p11414.htm Коломан бил син на унгарскиот крал Андреј II (Андраш II). Венчавката се одржала околу 1215 г. кога Саломеја имала 4 години, а Коломан имал 7. Било предвидено тие да бидат владетели на Галиција, но во согласност со гореспоменатото, нештата се измениле и ова никогаш не се остварило.
Лешек и Гшимислава имале и син - Болеслав V Срамежливиот.
Смрт thumb|right|200px|Споменик на Лешек Белиот во с. Марќинково Гурне
Во 1227 г., за време на собрание на полските властелини во Гонсава Лешек бил убиен (веројатно по наредба на војводата Свјентопелк II Поморски). Ова се случило бидејќи Лешек се обидел да го натера Свјентопелк да му се потчини нему.Халецки и Полонски. Poland. стр. 29.
Во една позната анегдота, Лешек еднаш му објаснил на папата дека полските витези не можат да учествуваат во крстоносната војна бидејќи во Палестина нема медовина/пивоhttp://www.beer100.com/history/meadhistory.htm.
Во културата Во 1809 г. била изведена опера за Лешек под наслов „Лешек Белиот“. Нејзин автор бил Јозеф Елснер.http://www.answers.com/topic/leszek-bialy-opera
Извори
Категорија:Кралеви на Полска Категорија:Римокатолички монарси Категорија:Римокатолички христијани од Полска Категорија:Убиени монарси Категорија:Европски монарси од 12 век Категорија:Несигурна година на раѓање