Денот кога земјата стоеше мирно () е американски Научна фантастика – филм на Скот Дериксон од 2008 год. Филмот е преработка на истоимениот класичен научнофанатастичен филм од 1951 год. Филмот ја доживеа својата американска и светска премиера на 12 декември 2008 год. Многумина филмски критичари, филмот го оценија како бледа копија на оригиналот, но со подобро визуелни ефекти.
Синопсис Филмот е римејк на класикот снимен во 1951 година. Киану Ривс го портреира Клаату, вонезмјанинот што ќе дојде на земјата за да изврши една задача. Владите и научниците од сите земји во светот ќе се обиденат за да ја решат мистеријата во врска со појавувањето на необичниот посетител. Наскоро дознаваат дека тој е дојден да го одржи мирот во Галаксијата и ако некој провоцира ќе биде уништен. Со Клаату на земјата е дојден и суперроботот Горт, кој има задача да ја исполни таа цел. Во меѓувреме Клаату ќе биде гонет од полицијата и војската, а пред да го убијат ќе успее на своите пријатели Хелен и синот Џејкоб, да им ја каже реченицата “Klaatu barada nikto” и им вели дека мора да го најдат Горд за да му ја кажат, ако сакаат да го спречат во намерата да ја активира пеколната машина. Горт ги заробува нив, а успева да дојде и до телото на Клаату, кој со помош на вонземската наука го спасува.
Глумечка екипа Глумци ЛиковиКиану Ривс КлаатуЏенифер Конели Хелен БенсонЏеден Смит Џејкоб БенсонЏон Клис Професор Карл БарнхардтЏон Хам Д-р Мајкл ГрениерКети Бетс Рехина Џексон Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место Семрежна филмска база на податоци Бокс Офис Мојо
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2008 година Категорија:Филмови на англиски јазик