Брезите (науч. Betulaceae) се семејство што опфаќа шест родоа на листопадни дрвја и грмушки со плодови од типот на оревчиња. Тука припаѓаат евлата, брезата, габерот, леската, црниот габер и родот Ostryopsis, кои се вкупно 130 видови. Природно виреат во умерената северна полутопка, но неколку видови достигнуваат и во јужната, и тоа на Андите во Јужна Америка.

Во минатото, фамилијата најчесто била поделена на две одделни фамилии, Betulaceae (Alnus, Betula) и Corylaceae (останати родови). Меѓутоа, според истражувањата на APG, овие семејства се потсемејства во Betulaceae - Betuloideae и Coryloideae.

За најблиски сродници на брезоцветните се смета дека се претставниците од фамилијата Casuarinaceae.

Еволуција

Се мисли дека брезоцветните потекнуваат од крајот на Креда (пред околу 70 милиони години), од централна Кина. Во тој период, овој регион веројатно имал средоземна клима како резултат на блискоста на морето Тетида, кое се простирало на делови од денешен Тибет и Ксинџијанг во раниот Терциер. Оваа теза наоѓа поткрепа и во тоа што сите шест родови и 52 видови се домородни за овој регион, а многу се ендемски. Веројатно сите шест рецентни родови дивергирале целосно во Олигоценот, со тоа што од сите родови во фамилијата (со исклучок на Ostryopsis) се пронајдени фосили кои датираат од пред 20 милиони години.

Општа градба и морфологија на генеративните органи left|thumb|Листови и оревчиња од Corylus avellana (лешник).|206x206пкс Околуцветникот на брезоцветните растенија е прост, а може и да отсуствува. Цветовите се еднополни, со следните цветни формули: P2+2A2+2 (за машките цветови) и P2+2G-(2) (за женските цветови). Машките цветови се сраснати со пазувниот лист и најчесто се состојат од 2-4 прашници (многу ретко од 1) кои се со раздвоени антери. Женските цветови обично се изградени од два сраснати плодни листови. Плодникот е потцветен, со два анатропни семенови зачетоци.

Плодот е од типот на оревче. Кај брезата и евлата, оревчињата се сместени во пазувите на задрвенетите лушпи. Кај брезата оревчињата отпаѓаат за време на зреењето, додека кај евлата тие и понатаму остануваат во една шишарковидна структура. Оревчињата кај леската, габерот и црниот габер се обвиени со обвивка која настанала со сраснување на три прицветни (заштитни) листови. Оваа обвивка кај габерот служи како орган за летање со помош на ветрот, на кој начин и се распространуваат семињата.

Родови

Родови

Потсемејство Betuloideae Род Alnus Mill. 1754 Род Betula L. 1753 Потсемејство Coryloideae Род Carpinus L. 1753 Род Corylus L. 1753 Род Ostrya Scop. 1760 Род Ostryopsis Decne. 1873

Изумрени родови

Betuloidea Alniполенites (полен) †Alnoxylon (дрво) †Alnusполенites (полен) †Betulaполенites (полен) †Betulaeполенites (полен) †Paralnoxylon (дрво) Coryloidea †Asterocarpinus (плодови) †Coryloides (плодови) †Cranea (плодови, цветови, полен & лисја) †Corylocarpinus (плодови) †Craspedodromophyllum (лисја) †Kardiasperma (плодови) †Palaeocarpinus (плодови) †Paracarpinus (лисја) Incertae sedis †Alniphyllum (лисја) †Alnites (лисја, цветови, плодови) †Alnophyllum (лисја) †Betulites (цветови) †Betulacites (полен) †Betulinium (дрво) †Trivestibuloполенites (полен) †Betuliphyllum (лисја) †Betuloidites (полен) †Betuloxylon (дрво) †Carpinicarpus (плодови) †Carpiniphyllum (лисја) †Carpinites (цветови) †Carpinoxylon (дрво) †Carpinusполенites (полен) †Castanopsisполенites (полен) †Clethrites (дрво) †Coryliполенites (полен) †Corylites (лисја) †Coryloidites (полен) †Corylophyllum (лисја) †Coryloxylon (дрво) †Corylusполенites (полен) †Eucarpinoxylon (дрво) †Ostryoiполенites (полен) †Phegites (дрво) †Rhizoalnoxylon (root) †Triporoполенites (полен)

Литература Мицевски, Кирил: (1993). Флора на Република Македонија. Том I св.2. Скопје: Македонска академија за науките и уметностите. стр. 207. Чен, З.Д., Манчестер, С.Р., & Сан, Х.Ј., 1999. Филогенија и еволуција на Betulaceae според истражувањата на DNA секвенците, морфологијата и палеоботаниката. Американски журнал за ботаника, 86: 1168-1181.

Категорија:Буковидни Категорија:Флора на Македонија