thumb|right|220px|Насловна страница на првото издание од 1912 г. „Проблемите на филозофијата“ (англ. The Problems of Philosophy, изд. 1912) од англискиот филозоф Бертранд Расел претставува негов обид за создавање на кус и пристапен водич кон проблемите во филозофијата. Задржувајќи се на проблемите кои смета дека ќе поттикнат позитивна и контруктивна дискусија, Расел дава особен нагласок на сознанието за сметка на метафизиката.

Расел го води читателот низ неговата идеја за одвојување на „познание со запознавање и познание со опис“ (1910). Потоа тој ги изнесува најважните теории на Платон, Аристотел, Рене Декарт, Дејвид Хјум, Џон Лок, Имануел Кант, Г.В.Ф. Хегел и други, и со тоа на општото и на стручното читателство му поставува основа за филозофска истрага.

Книгата се состои од 15 глави:

I. Појава и стварност II. Постоењето на материјата III. Природата на материјата IV. Идеализам V. Познание со запознавање и познание со опис VI. За индукцијата VII. од нашето познавање на општите начела VIII. Како е можно априорното познание IX. Светот на универзалиите X. За нашето познание на универзалиите XI. За интуитивното познание XII. Вистина и невистина XIII. Познание, грешка и веројатното мислење XIV. Границите на филозофското знаење XV. Вредноста на филозофијата

Македонски изданија Проблемите на филозофијата / Бертрантд Расел ; превод од англиски Александар Ускоков. - Скопје: Аз-Буки, 2008. - 135 стр. ISBN 978-9989-151-64-4

Наводи

Надворешни врски

Слободна аудиокнига „Проблемите на филозофијата“ од LibriVox

Категорија:Филозофски книги Категорија:Книги од Бертранд Расел Категорија:Книги од 1912 година