right|thumb|210px|Гардисти облечени во униформа Швајцарска гарда — војска од Швајцарија која во средниот век им служела на големите европски монарси, како и на папата, во чија служба постои и денес. Гардистите служеле како телохранители, почесни гардисти и чувари на дворецот. Денес, до некоја мера тие се претставени во папската швајцарска гарда. Тие имаат висок углед и голема меѓусебна лојалност. Покрај домашните и гардистички единици, некои единици служеле како формации кои истапувале и на бојното поле; регуларната швајцарска платена војска како пешадија служела во различни војски, како оние на Франција, Шпанија и Неапол сѐ до XIX век.

Различни единици на швајцарската гарда постоеле во различни периоди. Најраниот одред бил швајцарскиот стоти гардист (француски: Cent-Garde) на францускиот двор (1497 - 1830). Оваа мала сила била пополнета со швајцарски пешадиски полк во 1567 година. Папската швајцарска гарда (латински: Pontificia Cohors Helvetica) во Ватикан е основана во 1506 година и единствената швајцарска гарда којашто сѐ уште постои. Во XVIII век некои други швајцарски гарди постоеле и служеле на неколку европски кралски дворови.

Историја Швајцарската гарда во Франција thumb|Пионер на швајцарската гарда во Франција, 1779 Имало два различни корпуси на швајцарските пешадијци кои биле на должност: „Стоте Швајцарци“ (Cent Suisses), коишто всушност служеле како телохранители и церемонијални гардисти и „швајцарски гардисти“ (Gardes Suisses), коишто ги обезбедувале влезовите и блиската околина. За време на војна, вториве учествувале како редовна војска на бојното поле.

„Стоте Швајцарци“ биле основани околу 1450 година од страна на кралот Шарл VII. Нивна главна задача била да го заштитат кралот додека тој бил во дворецот, па често ги нарекувале и „внатрешни гардисти на Лувр“ (garde du dedans du Louvre), но во своите рани периоди тие го придружувале кралот во војна. Во Битката кај Павија (1525) стоте војници на кралот Франсоа I биле убиени пред кралот да биде заробен од страна на Шпанците. Тие придонеле во внатрешната заштита со кралските телохранители (Gardes du Corps), коишто биле Французи.

Во текот на ноќта на 23 август 1572 година, швајцарските гардисти го започнале Бартоломејскиот масакр, кога по наредба на кралот Шарл IX ги протерале од Лувр сите хугеноти (протестанти), а потоа и ги убиле по улиците на Париз. Исто така, ги убиле и водачите на хугенотите.

Франсоа I предводел 120 швајцарски пешадијци во војните кои ги водел. Во 1616 година, кралот Луј XIII ги нарекол швајцарските пешадијци „швајцарски гардисти“ (Swiss Guards). Новите пешадијци имале задача да ги заштитуваат портите и надворешната околина на различните кралски места. Оваа единица официјално била пешадиски полк, но сепак најчесто ја сметале за кралска домашна војска.

Во XVII и XVIII век одржувале углед за дисциплина и редовност во двата случаи, и во време на мир и во време на воени походи. Нивните офицери биле Швајцарци и нивната стапка на плата била значително повисока од редовната француска војска. Внатрешната дисциплина била одржувана според швајцарски правила, кои биле посурови од оние со кои била одржувана дисциплината во редовната француска војска.

Од XVI век, швајцарските гардисти биле во бригади со француските гардисти (Gardes françaises), со коишто ја извршувале надворешната должност, а во време на мир биле распоредени во касарни во околината на Париз. Слично како и единаесетте швајцарски пешадијци од пешадиската линија на француската служба, швајцарските гардисти носеле црвени наметки. Линиските пешадијци имале црни, жолти или светлосини подлоги, но швајцарските гардисти се разликувале по темносино сошиените јаки и ракави. Само пешадијата во придружба на кралот носела мечкино крзно. Пешадијците во останатата придружба биле облечени во стандардната облека на француската пешадија. Гардистите биле регрутирани од сите швајцарски кантони. Бројот на припадници бил 1.600, но во нормални услови се чини дека нивниот број бил под оваа бројка. thumb|225px|Погубување на швајцарски гардист за време на Француската револуција Најславно дело во историјата на швајцарските гардисти била нивната одбрана на дворецот Туилир во централниот дел на Париз за време на Француската револуција. Од 900 швајцарски гардисти коишто го заштитувале дворецот на 10 август 1792 година, повеќе од 600 биле убиени за време на борбата или биле масакрирани по капитулацијата. Се проценува дека имало 200 мртви повеќе, кои умреле во затвор, подлегнувајќи им на раните или биле убиени во септемвриските масакри коишто следувале. Околу 100 Швајцарци успеале да побегнат, а некои биле скриени од љубезните Парижани. Единствените преживеани од полкот биле 300 силни пешадијци кои биле испратени на Нормандија да го придружуваат конвојот којшто пристигнал неколку дена пред 10 август. Швајцарските офицери биле најбројни меѓу погубените, иако мајорот Карл Јозеф фон Бахман во командата кај Туилир бил погубен на гилотина во месец септември, облечен во својата црвена наметка. Двајца швајцарски офицери некако успеале да преживеат и добиле сениорски воен ранг во службата кај Наполеон.

Се појавува како неточно обвинението дека Луј XVI е прчина за пропастот на гардистите со наредбата да го положат оружјето кога тие сѐ уште го бранеле дворецот Туилир. Поточно кажано, Швајцарците останале без муниција и биле уништени од побројниот противник, кога борбата продолжила спонтано, по изнесувањето на кралското семејство од дворецот и барало засолниште со народното собрание. Сочуван е запис напишан од кралот со кој им се наредува на Швајцарците да се повлечат од дворецот и да се вратат во касарните, но ова се случило, откако позициите кои ги заземале станале неодржливи. Загинатите пешадијци биле тајно закопани од еден аѓутант, кратко по повикот на пешадијците во одбраната на Туилир, ноќта на 9 август. Но, тие биле откриени од градинар и церемонијално запалени од новите републикански авторитети.

Француската револуција ги укинала пешадијците во граѓанската армија, но Наполеон Бонапарт и бурбонската реставрација придонеле и понатаму да служат швајцарските трупи. Четири швајцарски пешадијци биле испратени од страна на Наполеон да служат во Шпанија и Русија. Двајца од осумте пешадијци во кралската гарда, во периодот од 1815 до 1830 година биле Швајцарци и можеле да се сметаат за наследници на поранешните швајцарски гардисти. Кога дворецот Туилир бил повторно заземен, за време на јулската револуција (29 јули 1830), швајцарските пешадијци исплашени од уште еден масакар се повлекле и се измешале со останатите луѓе во настанатата мешаница. По овој настан, тие не служеле повторно. Во 1832 година распуштените ветерани од швајцарската пешадија и уште една странска единица, Legion de Hohenlohe биле регрутирани во новооснованата француска странска легија за да служат во Алжир.

Со измената на швајцарскиот устав во 1874, забранети се регрутации на Швајцарци од некои други сили, дури и како волонтери во странските војски, сè до целосната забрана во 1927 година.

Служба на другите дворови

мини|десно|150px|Schweizertor во дворецот Хофбург во Виена, име кое датира од времето кога овде служела швајцарската гарда Слично како оние што служеле во Франција, имало и швајцарски гардисти коишто служеле и на другите европски кралски дворови, сѐ до почетокот на XIX век: од 1579 година швајцарски гардисти ѝ служеле на династијата Савоја, која владеела со Савоја, а подоцна и со Кралството Сардинија. Гардата била распуштена во 1798 година; од 1696 до 1713 година швајцарски гардисти служеле на дворот на прускиот крал Фридрих I; одередено време швајцарската гарда му служела и на Големото војводство Тоскана; од 1730 до 1757, па од 1763 до 1814 година на дворот на Кралството Саксонија; од 1734 до 1789 година во Неаполското кралство; од 1748 до 1796 година во Холандија; кратко (1748–1767), за време на владеењето на хабсбуршката кралица Марија Терезија, од 250 до 450 војници од Швајцарија биле изнајмени за обезбедување на дворецот Хофбург во Виена. Од тоа време останале називите Schweizerhof и Schweizertor, во знак на сеќавање на 20-годишното присуство на швајцарската гарда.

Папска швајцарска гарда

thumb|right|200px|Папски швајцарски гардисти во базиликата Свети Петар. Корпусот на папската швајцарска гарда или само Швајцарската гарда (латински: Pontificia Cohors Helvetica или Cohors Pedestris Helvetiorum a Sacra Custodia Pontificis, германски: Schweizergarde, италијански: Guardia Svizzera Pontificia) е еден вид на исклучок од швајцарските правила за периодот од 1874 до 1927 година. Тоа е мала армија одговорна за безбедноста на папата, вклучувајќи ја и безбедноста на Апостолскиот дворец и влезот до внатрешноста на Ватикан. Нејзиниот службен јазик е германскиот. Таа служи де факто, ако не и де јуре во армијата на Ватикан.

Историја

Почетоците на швајцарската гарда датираат од XV век. Папата Сикст IV (1471-1484) веќе склучил сојузништво со Швајцарија и изградил касарни во Вија Пелегрино по разгледувањето на можноста за регрутирање на швајцарски пешадијци. Спогодбата била обновена од страна на папата Инокентиј VIII (1484-1492) со цел да се искористат против војводството Милано. Папата Александар VI (1492-1503), подоцна ги користел швајцарските гардисти за време на сојузништвото со францускиот крал. Во време на папството на семејството Борџија, започнале италијанските војни во кои швајцарските пешадијци биле постројка во првите воени редови, понекогаш за Франција, а понекогаш и за Светото Римско Царство. Пешадијците се вооружиле кога дознале дека францускиот крал Шарл VIII е подготвен и организира поход против Неапол. Меѓу учесниците во војната против Неапол биле кардиналот Џулијано дела Ровере (идниот папа Јулиј II) (1503-1513), кој бил добро запознаен со Швајцарците, бидејќи бил епископ на Лозана неколку години пред тоа. Походот бил неуспешен, делумно поради новото сојузништво склучено меѓу папата Александар VI и Французите. Кога кардиналот Џулијано дела Ровере станал папа во 1505 година, побарал од швајцарското извршно тело да го заштитува постојан корпус од 200 швајцарски пешадијци. Во септември 1505 година, првиот контингент од 150 војници го започнал маршот до Рим, под командата на Каспар фон Зиленен и влегле во градот на 22 јануари 1506 година. Овој датум денес се смета за датум на кој е основана папската швајцарска гарда. „Швајцарците ја гледаат тажната ситуација на црквата, Бог, мајката на христијанството и си замислуваат колку е тешко и страшно тоа што некој тиран, алчен за богатство може без казна да ја нападне заедничката мајка на христијанството“, тврди Улрих Цвингли, швајцарски католик којшто станал протестантски реформатор. Папата Јулиј II, подоцна ги одликувал со титулата „заштитници на слободата на црквата“Историја на папската швајцарска гарда Официјално мрежно место, Римска курија, швајцарски гардисти, објавено на 7 август 2006.

По бројот на припадници, гардата била сѐ побројна како што изминувале годините, па била дури и распуштена. Тоа се случило на 6 мај 1527 година, кога 147 од 189 гардисти, вклучувајќи го и нивниот командант, загинале борејќи се против непокорните трупи на императорот на светата римска империја Карло V за време на ограбувањето на Рим со цел да му се овозможи на папата Климент VII да избега низ Пасето ди Борџо, придружен од останатите 40 гардисти. Последното бојно поле се наоѓа на страната на базиликата Свети Петар, во близина на Campo Santo Teutonico (германски гробишта).