Министерството за образование и наука скратено МОН — министерство во состав на Владата на Република Македонија, според член 23 од Законот за организација и работа на ограните на државната управа (Сл.весник на Р Македонија бр 59/2000 од 21.07.2000 година).

Министерството за образование и наука ги врши работите што се однесуваат на: воспитанието и образованието од сите видови и степени; организацијата, финансирањето, развојот и унапредувањето на воспитанието, образованието и науката; воспитанието и образованието на децата на нашите ра ботници на привремена работа и престој во странство; верификацијата на струките и профилите во образованието; ученичкиот и студентскиот стандард; технолошкиот развој, информатиката и техничката култура; информацискиот систем; меѓународната научно-техничка соработка; надзорот од неговата надлежност и врши други работи утрврдени со закон.

Во состав на Министерството за образование и наука се: Педагошка служба; Бирото за развој на образованието; Управата за равој и унапредување на образованието на јазиците на националностите и Државниот просветен инспекторат.

Бирото за развој на образованието има својство на правно лице.

Наводи

Категорија:Појавено во 1991 година во Македонија