Јужнозападниот африкански црн носорог (Diceros bicornis bicornis) познат и само како Јужнозападен црн носорог е подвид на Црниот носорог. Во моментот се наоѓа во групата на ранливи видови според црвената список на „Меѓународниот сојуз за заштита на природата“ (МСЗП). Најголема закана за овој подвид претставува ловокрадството.

Особености Јужнозападниот африкански црн носорог се разликува од останатите под видови на црниот носорог по тоа што има најголем и најправ рог. Овој подвид е и најадаптиран за живот во сувите предели. Го среќаваме во неплодните савани и на места каде има пустинска клима.

Популации и заштитен статус Во минатото овој подвид бил распространет во Боцвана, ЈАР, Ангола и Намибија. Денес, како резултат на преголемиот лов, нивната распространетост е доста намалена. Набројната популација живее во Намибија и брои 893 единки, што е 94,7% од подвидовите кои живеат таму. Од неодамна повторно е присутен и во Јужна Африка, каде популацијата двојно е зголемена од 1980-тите кога изнесувала само 300 единки. Според последните проценки во 2001 година, има 943 единки во дивината и ниедна во заробеништво. Намалувањето на ловокрадството е главната причина за зголемувањето на бројот на овие животни.

Надворешни врски http://www.iucnredlist.org/search/details.php/39318/summ http://www.iucnredlist.org/search/details.php/39318/dist http://www.iucnredlist.org/search/details.php/39318/doc http://www.rhinos-irf.org/rhinoinformation/blackrhino/subspecies/southw.htm http://www.rhinos-irf.org/ (The International Rhino Foundation dedicated to the conservation of rhinos)

Категорија:Непарнокопитни Категорија:Носорози Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј