Мајон (тагалски: Mayon Volcano) е вулкан и планина во покраината Албај, во регионот Бикол на островот Лусон, на Филипините. Вулканот е номиниран како едно од новите 7 светски чуда.

Опис и местоположба лево|мини|170.994x170.994пкс|Мајон во регионот Албеј, кого го делат осум општини. Мајон е класичен стратовулкан со мал централен врв. Конусот се смета за еден од најсовршено формираните вулкански конуси на светот, образуван со слоеви лава и пирокластични потоци од минатите ерупции и од ерозија. Горните падини на овој базалтно-андезитски стратовулкан се мошне стрмни, со просечна закосеност од 35–40 степени. Исто како другите вулкани во Тихиот Океан, и Мајон е дел од Тихоокеанскиот Огнен Прстен. Тој се наоѓа на југоисточната страна на Лусон, близу до Филипините, на границата на филипинската и евроазиската тектонска плоча што пак е зона на подвлекување.

Мејон е најголемото обележје на Филипините и највисока точка на покраината Албеј и целиот регион Бикол со надморска височина од 2.462 метри (8.077 стапки).David, Lee (2008). "Natural Disasters", pp. 416–417. Infobase Publishing. Вулканот географски го делат8 града и општините Легазпи Сити, Дарага, Камалиг, Гвинобатан, Лигао Сити, Табако Сити, Малилипот и Санто Доминго.

Ерупции Мајон е најактивниот вулкан на Филипините кој избил повеќе од 51 пат во текот на минатите 400 години. Првиот запис за голема ерупција бил посведочен во февруари 1616 од страна на холандскиот истражувач Јорис ван Спилберген, кој го запишал настанот во тек на неговото патување околу светот.Bankoff, Greg (2003). "Culture of disasters: society and natural hazards in the Philippines", pg. 39. RoutlegeCurzon, New York. . Првата ерупција за која постојат пошироки записи и која траела 6 дена се случила на 20 јули 1766.Ocampo, Ambeth R. (2013-05-06). "The Mayon eruption of 1814". Inquirer Opinion. Посетено на 2013-05-07."Mayon – Eruptive History". Global Volcanism Program. Посетено на 2015-03-05.

Ерупцијата во 1814 мини|200x200пкс|Стара фотографија од урнатините на Кагсава. Црквата била уништена при ерупцијата во 1814. Денес постои само камбанаријата. Најдеструктивната ерупција на Мајон се случила во февруари 1814 (VEI 4). Течело лава но овојпат помалку отколку при ерупцијата во 1766 година. Вулканот исфрлал темна пепел и повремено го бомбардирал градот Кагсава со тефра која го затрупала. Изгореле дрвјата, реките биле оштетени а воедно настрадале и околните места. наталожениот слој пепел изнесувал 9 метри длабочина. Во Албеј загинале 2200 луѓе и ова се смета за најсмртоносната ерупција во историјата на Мајон макар што во други официјални записи бројот на жртвите изнесува 1,200.

Ерупцијата во 1881–1882 десно|мини|200.994x200.994пкс|Ерупција на Мајон во 1928 Од 6 јули 1881 докај август 1882, Мајон имал силна ерупција (VEI 3). Самуел Ниленд, биолог, професор и геолог, ја набљудувал вулканската активност на Божиќ, 1881, пет месеци по започнувањето на ерупцијата:

Ерупцијата во 1897 Најдолгата непрекината ерупција на Мајон се случила на 23 јуни 1897 (VEI 4) која траела 7 дена врнежи од оган. 11 километри источно, селото Бакакај било закопано под лавата (слојот изнесувал 15 метри). Во Санто Доминго 100 луѓе загинале од исфрлениот вулкански материјал, или жешки камења. Пепелта во темни облаци била носена и до 160 километри подалеку од катастрофалниот настан, при кој загинале вкупно 400 луѓе.

Ерупцијата во 1968 Вулканот Мајон, југоисточен Лусон, започнал со серија експлозивни ерупции во 9 часот на 21 април 1968 година, а до 15 мај се случиле повеќе од 100 експлозии, најмалку 6 лица загинале, а околу 100 км2 биле покриени со повеќе од 5 см падната пепел, блокови од пепел и текови на лава. Сите материјали биле порфиритски аугит-хиперстенски андезит. Експлозиите од кратерот на врвот (со надморска височина од 2460 м) исфрлиле големи количини на пепел и зажарени блокови до висина над 600 метри и создале пирокластичен облак, што се искачил на висина од 3 до 10 км. Вулканскиот материјал се спуштил по падините движејќи се со брзина од 9 до 63 метри во секунда. Најголемите пирокластични текови се спуштиле на југозапад и стигнале до 7 километри од врвот. Проток на аа лава, исто така, се спуштил 3½ км по оваа страна и овие блокови останале жешки дури и по неколку дена. Околу пирокластичните текови била зафатена зона широка 2 км, каде цела вегетација била изгорена и распарчена и каде не останало ништо освен наталожен тенок слој од паднат пепел. мини|220x220пкс|Пирокластичен тек на вулканот Мајон 2010

Ерупциите во 1984 и 1993 При ерупцијата во 1984 немало смртни случаи но повеќе од 73,000 луѓе биле евакуирани од опасните зони. Но во текот на ерупцијата од 1993 од пирокластичните текови загинале 75 луѓе, кои главно биле земјоделци.

Ерупциите во 2006 десно|мини|223x223пкс|Сателитска снимка на Мајон 48-та ерупција на Мајон од поновото време била на 13 јули 2006. Вулканот тивко испуштал лава, што започнало на14 јули 2006. Речиси 40,000 луѓе биле евакуирани од 8 километарската опасна зона на југоисточната падина на вулканот.

По експлозијата на пепел на 1 септември 2006, еруптивната активност на вулканот почнала да се намалува. Намалувањето на клучните параметри, како што се сеизмичноста, стапките на испуштениот сулфур диоксид укажувале дека вулканот полека се смирува. Намалената еруптивната активност се забележувала и по намалувањето на интензитетот на светењето на кратерот и по обемот на лавата на врвот. Нивото на опасност 4 било спуштено на ниво 3 на 11 септември 2006 година, на ниво 2 на 3 октомври 2006 година и на ниво 1 на 25 октомври 2006 година.

Ерупцијата во 2008 На 10 август 2008, мала експлозија на врвот исфрлил пепел 200 метри над врвот кој се разнесол во правец исток-североисток. Неколку недели пред ерупцијата, кратерот видливо бил осветлен и се почувствувале земјотреси.

Ерупцијата во 2009–2010 лево|мини|200x200пкс|Експлозија на пепел одвулканот на 18 декември 2009 На 10 јули 2009, нивото на опасност 1 (слаба активност) на ниво 2 (умерена активност) бидејќи бројот на забележаните земјотреси го достигнал нивото на претходната фреатичка експлозија во 2008.

Во 5:32 наутро на 28 ноември 2009, помала експлозијаод пепел се случила во кратерот на врвот. Столб од кафена пепел се издигнал 600 метри над кратерот и се упатил североисточно. 24 часа пред експлозијата, 13 земјотреси биле регистрирани a испуштањето пареа било со умерено ниво. Нивото на опасност останало 2, но подоцна било објавено дека се наближува тропски циклон па биле преземени дополнителни мерки на претпазливот поради опасноста од лахар или можен колапс на ѕид на вулканот. лево|мини|210x210пкс|Ерупција на Мајон - 29 декември 2009. Во 1:58 наутро на 11 ноември 2009, помала експлозија се случила во кратерот која траела околу 3 минути. Поради облаците не бил видлив столб од пепел. За 24 часа биле регистрирани 20 вулкански земјотреси. Статусот останал на ниво 2. На 14 декември 2009, во 8 часот попладне, после 83 вулкански земјотреси регистрирани во рок од 24 часа и зголемени емисии на сулфур диоксид, нивото за опасност се подигнало на 3. Раноизутрината на 15 декември 2009, умерена експлозија на пепел се случила на врвот на кратерот и „тивкото течење на лава" резултирало со текови од 500 метри надолу од врот. До вечерта, властите на покраината Албеј евакуирале околу 20,000 луѓе во полупречник од 8 километри околу опасната зона. Во таа 8 километарска опасна зона живеат 50,000 луѓе. На 20 декември 2009, опасноста дошла до ниво 4 поради покачениот лавин тек на јужниот дел на вулканот и зголемувањето на сулфур диоксид на 750 тони на ден. Во вулканот биле регистрирани скоро 460 земјотреси. На границата на опасната зона се слушале татнежи како грмотевици.Над 9,000 семејства (44,394 луѓе). Вулканот бил обезбедуван од војската присутна тука за превенција или намалување на штетите на евакуираните лица и на ниеден цивил нему било дозволено да се приближи до опасната зона. Нивото 4 останало и во декември а евакуираните ги поминале новогодишните празници во центрите за евакуација На 25 декември емисиите на сулфур диоксид достигнале до 8,993 тони на ден. Исфрлениот вулкански материјал одпочетокот на ерупцијата се проценувал на 20 до 23 милиони кубни метри камења и вулкански отпадоци, во однос на 50 до 60 милиони кубни метри во минатите ерупции. На 2 јануари 2010, нивото било спуштено на 3 поради намалувањето на вулканската активност во тек на претходните 4 дена. Испуштениот сулфур диоксид од 8,993 тони на ден паднал на 2,621 тони на ден. 7,218 семејства се вратиле во своите домови (со живеалишта на 7–8 км) додека останатите 2,728 семејства соживеалишта 4–6 км воопасната зона останале во центрите за евакуација. На 13 јануари 2010, нивото на опасност паднало на 2.

Фреатичка ерупција во 2013 десно|мини|389x389пкс|Мапа која ги покажува поголемите вулкани на Филипините На 7 мај 2013, во 8 часот наутро вулканот имал фреатичка ерупција со траење од 73 секунди. Пепел, пареа и какења биле исфрлени во тек на ерупцијата. Облаците со пепел стигнале 500 метри над вулканот и се упатиле во правец запад југозапад. Настанот убил петмина алпинисти од европско потекло, како и нивниот филипински водич. Неколкумина други биле повредени. Според наодите, починатите алпинисти настрадале од удар и од задушување. Еден од спасените, имал скршеници на раката и изгореници на грбот и на вратот. Наспроти ерупцијата, нивото на опасност останало на ниво 0. Никаква сеизмичка активност не претходела на оваа ерупција и вулканот непокажувал знаци за понатамошно интензивирање на активноста. така што не била планирана евакуација на населението.

Ерупција во 2014 На 12 август 2014, 30-50 метри висока лавина купола се појавила на врвот на кратерот.PHIVOLCS Mayon volcano bulletin of Friday, 15 August 2014 06:49 local time . Retrieved September 15, 2014. Нивото на опасност се зголемило на 3, што покажувало високо движење на магмата во кратерот и дека случајна експлозија е можна во тек на неделите.PHIVOLCS Mayon volcano bulletin of Friday, 15 September 2014 14:02 local time . Retrieved September 15, 2014. На 18 септември 2014 имало изветување за 142 вулкански земјотреси и 251 избув на камења. Бел чад со насока југ-југозапад и дождовни облаци го покриле врвот. Емисиите на сулфур диоксид опаднале на 757 тони после оние измерени на 6 септември (2360 тони)Mayon volcano bulletin of Friday, 18 August 2014 08:00 local time . Retrieved September 18, 2014.

Ерупцијата во 2018 На 14 јануари 2018, вулканот еруптирал, исфрлајќи пепел и чад, поради што илјадници месни жители во паника ги напуштиле своите домови. Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопштил дека ерупцијата на Мајон, траела околу пет минути. Ерупцијата предизвикала сивкасат чад и столб од пепел, кои не беа многу видливи бидејќи вулканскиот кратер бил опкружен со облаци. Од кратерот се ширела миризба на сулфур, а месните жители можеа да го слушнат татнежот на вулканската активност. Институтот го покачил нивото на опасност на втор степен. Локалната полиција соопштила дека поради ерупцијата над 2.200 жители на местата Гинобатан, Камалиг и Анолинг ги напуштиле своите домови и се префрлиле во прифатни центри. На 24 јануари 2018 година, од вулканот избиле фонтани од жешка лава проследени со огромни облаци од пепел и поради сè поопасната ерупција повеќе од 56.000 селани побарале засолниште во центрите за евакуација. Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија изјавил дека лавините фонтани се високи до 700 метри над кратерот, а пепелта во првите моменти на ерупцијата се искачила на височина до 3 километри. Пред да избие лавата од вулканот, биле забележани три големи вулкански експлозии.

Смртоносен лахар