Пном Пен (кмерски: ភ្នំពេញ, официјална транскрипција: Phnum Pénh; изговор [pʰnum pɯɲ]) — главен град на Камбоџа и центар на општина Пном Пен. Тој е економски, индустриски, комерцијален, културен, туристички и историски центар.
Во 1920-те градот бил познат како „Бисер на Азија“ и е главно туристичко одредиште во Камбоџа и за странски посетители. Градот е мешавина на традиционалната кмерска архитектура и влијание на француската архитектура.
Градот е најбогат и најнаселен град во Камбоџа со население од околу еден милион жители.
Географија
Пном Пен се наоѓа во јужниот дел на Камбоџа и е опколен од покраината Кандал. Општината Пном Пен се наоѓа на бреговите на реките Понче Сап, Меконг и Басак. Овие реки се големи извори на свежа и питка вода, но има и останати природни ресурси во градот и околината. Градот и околината се наоѓаат во регион кој е составен од тропски влажани предели. Пном Пен се наоѓа на надморска височина од околу 11.89 метри што е голем проблем за безбедноста на градот во поглед на природни катастрофи како што се монсунските поплави. Само градското подрачје зафаќа површина од околу 375 квадратни метри каде живеат околу 2.000.064 жители.
Демографија
Во 2008 година, Пном Пен имал население од околу 2.009.264 жители со густина на население од околу 5.358 жители на метар квадратен. Процентот на растот на населението на Пном Пен е проценето на околу 3.92 %.
Пном Пен е претежно населен од етнички Кмери кои сочинуваат околу 90% од вкупното население на градот. Покрај нив, има значително кинеско и виетнамски малцинство, но може да се забележат и останати помалубројни малцински заедници. Како и во цела Камбоџа, така и во Пном Пен, населението претежно е будистичко, односно 90% од вкупното население на Пном Пен се будисти. Во последните години се забележува и мало зголемување на христијанското и исламското население. На национално и официјално ниво доминира кмерскиот јазик, кој е најмногу зборуван јазик во државата и градот. Покрај него, во добар дел се зборуваат и францускиот и англискиот јазик.
Збратимени градови
Пном Пен е збратимен со следните градови:
Лонг Бич, САД Ловел, САД Провиденс, САД Саванакет, Лаос Пусан, Јужна Кореја 23px Мандалеј, Мјанмар
Наводи
Користена литература
Поврзано Камбоџа
Надворешни врски
Официјални Пном Пен на владиниот кмерски портал Профил на Пном Пен
Мултимедија Филмови од Камбоџа
Други
Карта за Пном Пен How To Cambodia
Карти Карта на Пном Пен Ралф Бонт: Во земјата на импотенцијата
Пном Пен Категорија:Главни градови во Азија Категорија:Населени места основани во 5 век