right|thumb|350px|Панаѓуришкото златно богатство
Панаѓуришкото златно богатство () е антички тракиски златен сервис за пиење кој се состои од девет златни садови со вкупна тежина од околу 6 кг. Откриено е на 8 декември 1949 година во околината на градот Панаѓуриште, Бугарија. Му припаѓало на непознат владетел на племето Одриси од крајот на ІV и почетокот на ІІІ век п.н.е.
Сервисот вклучува фијала со пречник од 25 см, една амфора со облик на кентаур, три ритона со женски глави (на амазонки), три ритона со животински глави и еден, обликуван како преден дел од телото на козел. Ритоните се украсени со релјефни ликови на митолошки сцени со познати јунафци од старогрчката митологија.
Панаѓуришкото богатство е дел од збирката на Археолошкиот музеј во Пловдив.
Надворешни врски
Панаѓуришкото златно богатство Панаѓуришкото богатство во Археолошкиот музеј на Пловдив
Богатство Категорија:Пловдив Категорија:Садови за пиење Категорија:Тракија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Бугарија