Тешка и комплицирана ситуација во Отоманското Царство овозможила продор и вкоренување на повеќе странски пропаганди на територијата на Македонија, кои дополнитело го попречувале национално-конститутивниот процес на Македонците.Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници, д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006Слобода или Смрт, д-р Ванчо Ѓорѓиев, Скопје 1997Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, Институт за Историја-Филозофски факултетСлавко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980 Во Македонија активно дејствувале повеќе пропаганди, како што се грчката, бугарската, српската, романската, католичката и протестантската пропаганда. Првите три пропаганди имале исклучиво асимилаторски карактер, додека останатите биле поставени врз верска основа, но со политички цели и треба да се истакне дека последните две пропаганди не дејствувале ретроградно врз македонскиот национален индивидуалитет.

Главни задачи на бугарската, грчката и српската пропаганда во Македонија биле да се придобијат што повеќе т.н. „национални приврзаници“ кои би се искористиле како „внатрешни сојузници“ и оправдувачки фактор за територијалните претензии на балканските држави кои ги имале кон Македонија. Овие пропаганди претежно дејствувале преку црквите, училиштата и хуманитарните институции. На црковен план се дејствувало преку одржување на постојните цркви, но и преку подигнување нови верски објекти, преку создавање на црковен кадар и верска литература. На просветен план се дејствувало преку одржување и подигнување нови училишта, финансиска издршка на учителите и директорите, стипендии и пансиони за учениците и студентите, како и соодветна литература која не била на македонски јазик. На хуманитарен план најчесто се дејствувало преку болниците. Покрај овие мерки пропагандите се користеле и со закани до населението, обвиненија и клевети на населението дека се бунтовници, потоа преку користење на рушвети или поткуп на турските власти. Треба да се истакне дека пропагандата била ширена и преку употреба на сила и дејствување на вооружени чети. Вакавата вооружена пропаганда особено се засилила по Илинденското востание.Раѓање на македонската нација, Драган Ташковски, НИК Наша Книга, Скопје, 1970

Општо Македонија била тло за разни пропаганди и делувања за територијална анексија на Македонија и асимилација на македонскиот народ и покрај огромниот отпор кој го давало населението. Рацин во еден краток напис изјавил:

Грчката пропаганда во Македонија

Грчката пропаганда е една од најстарите пропаганди што дејствувале во Македонија. Оваа пропаганда била раководена од Цариградската патријаршија, но треба да се истакне дека нејзините пропагандни позиции биле нарушени во 60-те години на XIX век за време на антифанариотските борби.

Дополнително позициите на грчката пропаганда во Македонија ослабуваат со создавањето на Бугарската егзархијаЉ. Лапе, одбрани текстови... втор дел, 164 - 167. Со други зборови, Македонците бегале од погрчувањето и се надевале на заштита од Егзархијата, но треба да се истакне дека Македонците наишле на егзархиска стапица која била поставена на словенска основа, но со тенденција да бугаризира , со што дополнително се зголемувал анатaгонизам во Македонија.

Бидејќи македонската црква долго време била укината, тоа довело до плодна почва на странските политички и духовни пропаганди.

Грчка просветна пропаганда

По создавањето на Егзархијата една од главните задачи на грчката пропаганда е да се спречи понатамошното преминување на Македонците под духована јурисдикција на Егзархијата. thumb|десно|280px|Географска карта на Мегали идејата — Голема Грција — Елефтериос Венизелос, творецот на Мегали идејата Со таа цел по разни извори грчката пропаганда добила големи финансиски средстава за зацврстување на своите позиции. Друштвото за ширење на грчката писменост со седиште во Сер до 1879 година добило 189 000 драхми Р. Поплазаров, Грчката политика спрема Македонија..., 90., а оваа сума во 1885 година се искачила на 536 000 драхми.

Финансиските средства за ова друштво во 1896 година изнесувале 1 000 000 драхми. Треба да се истакне дека како што се зголемувале средствата така се зголемувал и бројот на грчките училишта во Македонија со текот на годините.

Ако грчката пропаганда во 1877 година имала 256 училишта и 10 968 ученици веќе во 1886 година имала 836 грчки училишта. На тој начин во 1896 година во Македонија егзистеирале 970 грчки училишта со 53 633 ученика <small>Р. Поплазаров, Грчката политика спрема Македонија..., 22..

Спред еден англиски податок кој се повикува на весникот „Селаника газет“ во 1885 година во Солун имало 11 грчки училишта каде работеле 39 учители и 29 учителки, а наставата ја посетувале 1060 ученика и 1230 ученички Британски дипломатски документи... т.1, 229.

Според истиот податок во Серскиот Санџак имало 166 грчки училишта со 168 учители и 33 учителки, а училиштата ги посетувале 5 333 ученика и 949 ученички Британски дипломатски документи... т.1, 229 - 230. Во Драмскиот Санџак и во тамошните кази имало 99 училишта со 91 учител и 31 учителка, а овие училишта биле посетувани од 4861 ученик и 1387 ученички.

Репресивниот карактер на грчката пропаганда

И покрај сите обиди кои грчката пропаганда ги презела за зацврстување на своите позиции во Македонија таа не успеала да го спречи преминувањето на Македонците под јурисдикција на Егзархијата, и затоа грчката пропаганда почнала да се користи и со методи од репресивен карактер. Имено, грчките чети на Катархјас и Каракас во 1880 година испратиле заканувачко писмо до жителите на селото Ѓавато од нив побарале или да го затворат словенското училиште или да се иселаат во Бугарија, во спротивно тие истакнале дека ќе дојдат грчки чети во селото и нема да остават ниту живо куче Р. поплазаров, Грчаката спрема Македонија..., 21. Треба да се истакне дека слични закани имало и до останатите македонски села. Дополнително на оваа грчката пропаганда се користела и со рушвети и обвиненија кај турските власти. Во 1880 година во Струмица повторно било отворено егзархиското училиште, но грчкиот владика веднаш ги обвинил родителите на учениците дека се бунтовници и биле уапсени 15 луѓе. Во 1888 година во селата Муртино и Моноспитово тамошното македонско население дошло во судир со локалните Турци и веднаш овој судир бил искористен од страна на грчкиот струмички владика да побара остранување на егзархиските учители и нивана замена со грчки. Во селото Босилово сите жители преминале под духова јурисдикција на Егзархијата со исклучок на свештеникот и неговото семејство но грчката пропаганда успеала да издејствува преку рушвет црквата да остане под контрола на Патријаршијата Политиката на турското правителство..., 47 - 48. Вооружената грчка пропаганда до 1903 година во Македонија била со послаб интензитет, а една од поголемите акции во овој период е Андартската провокација од 1896 година кога поголема група на андарти навлегле во Солунскиот и на дел од Битолскиот Вилает.

Вооружената грчка пропаганда

мини|десно|250п|Андартска чета во Мариово

Вооружената грчка пропаганда до 1903 година во Македонија била со послаб интензитет, а една од поголемите акции пред Илинденското востание е Андартската провокација од летото 1896 година кога поголема група на андарти навлегле во Солунскиот и на дел од Битолскиот Вилает, овие грчки чети биле испратени од Етники Етерија.

По Илнденско востание организатор на првите грчки чети во Македонија бил Германос Каравангелис – грчкиот митрополит во Костур.

Во Атина бил формиран таканаречениот Македонски комитет кој требало да раководи со организирањето и препраќањето четите во Македонија. Андартските чети добиле задача да по секоја цена и со сите средства да бидат уништени комитетите на Македонската револуционерна организација по селата, а на нивно место да бидат создадени грчки комитети преку кој ќе се држи грчкиот патриотизам.

Андартите вршеле и одмазда врз населението кое уште одамна се откажало од Цариградската патријаршија или пак зошто учествувало во редовите на Македонската револуционерна организација.

Според некој податоци во пролета 1905 година во Битолскиот Вилает дејствувале околу 800-1000 андарти, а од почетокот на акциите па сè до пролета 1905 година грчко-турската граница ја минале 2 800 андарти од кој голем дел од нив биле со потекло од Крит.

Сето тоа придонел да се отвори нов фронт против Македонската револуционерна организација која била принудена на север да се бори против Српското четничко движење, а на југ со андартите.

Антисловенскиот карактер на грчката пропаганда

Треба да се потенцира дека грчката пропаганда во Македонија имала изразен антисловенски карактер, односно оваа пропаганда сакала да ја уништи словенската култура и писменост во Македонија. За антисловенскиот карактер на оваа пропаганда дополнителна светлина фрла и писмото од 26 август 1881 година испратено од проигуменот Дионисиј до Стефан Верковиќ во кое се истакнува:

Дополнително Дионисиј истакнува дека грчките свештеници пред властите го денуницирале секој побуден Македонец. На овој начин грчката пропаганда успеала да го стави под своја контрола селото Горно Броди притоа биле уапсени 40 луѓе, 15 луѓе биле заточени по затворите во Солун и Сер, а спасот во кнежевството Бугарија и Источна Румелија го побарале 250 лица. Потоа во селото биле донесени грчки свештеници и учители и се започнало со погрчувањето на тамошното македонско население. Во двете цркви повеќе не можела да се слушне молитвата „Господиј помилуј“, а кога еден селанец се осмелил во некоја од црквите да каже „Оче наш“ тој бил казнет со 280 гроша и еден месец затвор. Антисловенскиот карактер на грчката пропаганда се гледа во тоа што во Горно Броди и во тамошните цркви на иконите на Св. Кирил и Методиј им биле ископани очите. Антисловенскиот карактер го потврдува и бугарскиот трговски агент во еден свој извештај од 1900 година во кој истакнува дека грчката пропаганда не била насочена против „бугарската народност“ Станува збор за Македонци... во сите свој извештаии бугарските пропагандисти населението во Македонија го именуваат како бугарско... Ванчо Ѓорѓиев, Смрт или Слобода.... туку против словенската писменост и азбука. Антисловенската кампања го зафатила и единствениот словенски параликс во Сер, словенското население повеќе не можело да се помоли со зборовите „Миром Господи помолим сја“ и „Господиј помилуј“.

Ослабување на позициите

Во средината на XIX век во Македонија и Бугарија започнало силно антипатријаршистичко движење. Ова движење првенствено било насочено против процесот на погрчување, а населението во Македонија и Бугарија заеднички врз словенска основа настапиле против Цариградската патријаршија притоа се барала смена на грчките митрополити и епископи, нивно заменување со домашни лица кој го познавале јазикот на населението, исто така било поставено и прашањето за обнова на Охридската архиепископија.

Како резултат на овие борби, на 28 февруари 1870 година со посебен султанов ферман била создадена посебна бугарска црка под името Бугарска егзархија, поради спротивставувањето на Патријаршијата, јурисдикција на бугарската црква била ограничена само на епархиите во Бугарија. со исклучок на велешката епархија во Македонија. Меѓутоа според членот 10 од истиот ферман било дозволено доколку населението во рамките на една епархија во Македонија одлучи со 2/3 мнозинство да се приклучи кон Егзархијата истото тоа да се уважи. На тој начин во 1874 година под јурисдикција на бугарската црква потпаднале Скопската и Охридската епархија. Создавањето на Бугарската егзархија, двете цркви во Македонија започнале борба за контрола на црквите и училиштата, но во овој судир биле поткопани позициите на Патријаршијата која со себе го носела погрчувањето:

Бугарската пропаганда во Македонија