Калевишта (дијалектно: Калевишча , Кали Вриси; до 1928 г. Καλέβιστα, Калевиста) — село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Сè до неговото растурање селото било наполно македонско.

Географија Селото се наоѓа на 25 км југозападно од градот Костур. Лежи на надморска височина од 1.180 м во северното подножје на планината Алевица. Растојанието од последната куќа до албанската граница изнесува само 300 м. Има добра положба со панорамска глетка кон Костурската Котлина и долината на реката Девол во Албанија. Во северниот дел на селото тече потокот Рекичко (Ρακίτσκο), а во јужниот тече Коцоборе (Κοτσομπόρε).

Историја Во Отоманското Царство Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. како Калувиште со 16 семејства.

Првата црква во селото е „Св. Атанасиј“, изградена во 1710 г., за што сведочи заѕиданата камена плоча. На крајот на XIX век Калевишта било село во Рупишката нахија на Костурската Каза. Традиционално селото гравитирало околу соседното големо село Јановени и се вбројува меѓу петте „јановенски села“. Храмот „Св. Димитриј“ е подигнат во 1860 или во 1865 г. Селото имало 80-90 куќи и не надминувало 500 жители (70 семејства), кои се занимавале претежно со дрварство, земјоделство, ѕидарство и сточарство. Селото имало 150 хектари обработлива земја. Жителите биле познати градители и като такви оделе на печалба во Горица (Корча), Костур, Солун и Лариса.

Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Калевиста (Καλέβιστα) имало 150 жители христијани.Νικόλαος Σχινάς, Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας / Συνταχθείσαι υπό Νικολάου Θ. Σχινά ταγματάρχου του μηχανικού, Αθήναι, τόμοι 3, 1886. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Καστοριάς Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Калевишта имало 455 жители Македонци христијани.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Калевишта е чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 70 куќи.

На почетокот на XX век жителите на Калевишта биле под врховенството на Цариградската патријаршија, и во него правела напори грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 400 македонци под патријаршијата и работело грчко училиште.

Грчка статистика од 1905 г. вели дека селото имало 400 жители.Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kali Vrisi . Според Георги Константинов Бистрицки Калевишта пред Балканските војни имало 75 македонски куќи. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период вели дека Калевишта има 55 куќи на Македонци христијани.

Во Грција За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 443 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 368.

Во 1928 г. селото е преименувано во Кали Вриси (во превод убава чешма).

Во 1928 г. Калевишта имало 392 жители од кои само еден грчки дојденец. Во истата 1928 г. во селото е изградено првото основно училиште. Во 1920-тите во селото имало 4 чешми, 2 училишта, 2 цркви, 3 параклиса, 1 мелница за брашно, жандармерија и граничен премин.

За време на Втората светска војна италијанската војска бомбардирала позиции во селото, наполно уништувајќи ги црквата „Св. Атанасиј“, училиштето и црквата „Св. Ахил“ на Алевица. „Св. Ахил“ е изградена од селанецот Гине и уништена од Италијанците на 28 октомври 1940 г.

За време на Граѓанската војна селото силно настрадало — загинале 25 жители, 174 лица пребегале во источноевропските земји, некои во НР Македонија, а останатите се раселиле во околните полски села. 48 деца се изнесени од државата како деца бегалци.

По војната дел од жителите се вратиле во селото и го обновиле. Меѓутоа, во 1950-тите грчката власт насила го раселила. Во 1953 г. неговиот атар е приклучен кон атарот на Ревани, а во 1961 г. е официјално отпишано.

На почетокот на XXI век во селото имало околу 20 градби. На пописот од 2001 г. во Калевишта се забележани 67 жители, но во 2011 г. селото немало ниеден жител.

Судбини на жителите На овој список се имињата на главите на 65 семејства (351 лице) кои живееле во Калевишта во 1940 г. Даден е бројот на членови на секое семејство и што се случило со нив по Граѓанската војна. На списокот нема евиденција колку и кои лица потоа се доселиле во НР и СР Македонија, а кои засекогаш останале во странство (освен оние кои веднаш пребегале таму).

Семејствата во Калевишта во 1940 г. и нивните судбини по Граѓанската војнаСела во Костурско - географија и историја (Τα χωριά της Καστοριάς - γεωγραφία της ιστορίας), Димитрис Литоксоу Судбина Паљо Кирјаковски 61 загинал, 1 останал во Грција, 4 пребегале во Источна Европа Васил Костандинов 54 пребегале во Унгарија, 1 во Романија Хараламб Гершов 1во 1948 г. пребегал во Источна Европа, а во 1958 г. се преселил во Америка Васил Јановски 81 останал во Грција, 6 пребегале во Унгарија, 1 пребегал во СССР Поп Јане 105 останале во Грција, 5 пребегале во СССР Нико Карабина 31 загинал, 2 останале во Грција Христо Карабина 9останале во Грција Јани Мавровски 7останале во Грција Никола Чугов 52 загинале, 2 останале во Грција, 1 пребегал во полска Ваноница Чугова 3останале во Грција Илија Мавровски 7останале во Грција Стефановица Велјовска 52 загинале, 2 останале во Грција, 1 пребегал во Чехословачка Михо Велјовски 7пребегале во Романија Фоти Велјовски 4пребегале во Романија Аристиди Кочовски 41 останал во Грција, 2 пребегале во Унгарија, 1 пребегал во СССР Христо Кочовски 61 загинал, 1 останал во Грција, 4 пребегале во Чехословачка Анастасија Кочовски 53 пребегале во Романија, 1 пребегал во НР Македонија, 1 пребегал во СССР Панајот Кочовски 7останале во Грција (се преселиле во Солун) Панајот Нановски 66 пребегале во Романија, 1 пребегал во СССР Лаки Кочовски 1останал во Грција (се преселил во Солун) Сотир Кочовски 2останале во Грција (се преселиле во Лариса) Софија Кочовска 21 останал во Грција, 1 пребегал во Романија Тодор Кочовски 5останале во Грција Васил Дуловски 72 останале во Грција, 4 пребегале во Романија, 1 пребегал во Унгарија Пандо Дуловски 42 загинале, 2 пребегале во Унгарија Ѓорѓи Велјовски 91 загинал, 2 останале во Грција, 6 пребегале во Романија Христо Јановски 135 останале во Грција, 8 пребегале во Романија Димитрула Жутовска 43 останале во Грција, 1 пребегал во СССР Зисо Дуловски 81 загинал, 2 останале во Грција, 4 пребегале во Унгарија, 1 пребегал во СССР Никола Дулов 5останале во Грција (се преселиле во Солун) Коста Фишеов 71 загинал, 6 останале во Грција Јани Мавровски 6пребегале во Источна Европа Депа Мавровска 5останале во Грција Сотир Паљунков 31 загинал, 2 пребегале во Унгарија Анастас Паљунков 31 починал, 2 пребегале во НР Македонија Костадина Фишеова 61 загинал, 4 пребегале во Унгарија, 1 пребегал во СССР Васил Димитровски 5пребегале во Источна Европа Сотир Димитровски 41 останал во Грција, 3 пребегале во Романија Илјо Димитровски 6пребегале во Источна Европа Сотир Георгиев Димитровски 2останале во Грција Христо Георгиев Димитровски 3останале во Грција Мичо Георгиев Димитровски 5останале во Грција Пандо Димитровски 3останале во Грција Панајот Димитровски 9останале во Грција Мита Дараваркина 1пребегала во Романија Кољо Димитровски 7останале во Грција Димитар Кочовски 3останале во Грција Леско Петков 3пребегале во СССР Васил Зековски 5се преселиле во Австралија Томе Фиљовски 91 загинал, 3 останале во Грција, 3 пребегале во Унгарија, 2 пребегале во СССР Ѓорѓи Гершов 62 починале, 1 загинал, 1 останал во Грција, 1 се преселил во Бразил, 1 пребегал во Чехословачка Серафим Јованов 65 останале во Грција, 1 пребегал во НР Македонија Анасатас Јованов 108 останале во Грција, 1 пребегал во НР Македонија, 1 пребегал во Романија Пандо Јованов 21 починал, 1 пребегал во Унгарија Кољо Ѓумов 21 останал, 1 пребегал од Грција Сократ Шапкаров 5пребегале во Полска Анастас Шапкаров 6пребегале во Романија Доновица Шапкарова 42 останале во Грција, 2 пребегале во Полска Леско Шапкаров 5пребегале во Источна Европа Кирјазица Шапкарова 31 загинал, 2 пребегале во НР Македонија Костадина Шапкарова 61 загинал, 5 останале во Грција Илија Киров 72 загинале, 1 останал во Грција, 2 пребегале во Романија Пандо Киров 43 пребегале во Унгарија, 1 пребегал во СССР Наум Киров 72 загинале, 5 останале во Грција Спиро Костопоров 72 загинале, 5 пребегале во Романија

Население

Личности Ахилеја Попјанев (1918 – 2014) — комунистички деец Васил Христовски (1912 – 1948) — комунистички деец

Литература

Наводи

Категорија:Нестрам