Вишени (, Висинија, до 1927 Βύσανη, Висани)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Οξυά — село во Општина Костур во Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 13 километри северно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во јужните делови на Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 900 метри.
Историја
Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население било споменато дека селото има 24 глави на семејства и четири неженети: Бојко, папа Јорг, Рајко, Никола, Јорг, Димо, Драгија, Тодор, Димитри, Јано, Ставро, Алекса, Иверко, Петко, Дидое, Тодор, Михо, Јанкос, Леко, Јоргич, Дабижив, Андронико, Михо, Јорг, Дабижив, Андронико, Михо и Јорг, и пет вдовици Трајана, Кала, Влада, Стана и вдовицата на Дидое. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.920 акчињаОпширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 101.
Во селото во текот на 80-те години на XIX век биле изградени две цркви - „Свети Николај“ (1884) и „Свети Атанас“ (1886)Сайт на бившия ном Костур., како и едно училиштеМакедонски Алманах, Индианополис, 1940 г., стр. 47.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вишени се состоело од 80 семејства со 100 жители муслимани и 180 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Вишени имало 1.150 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265..
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вишени се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 160 куќи.
Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало четири пати од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, во селото биле опожарени 170 куќи,Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 294. додека биле убиени Дине Ишков (65 г.), Гиле Сотиров (73), Сидо Бакрачев (81), поп Кочо (70), Коле Лејка (60) и Дино Калков (85) Според друг извор биле изгорени 172 од 186 куќиИлюстрация Илинден, бр.139, стр. 13.
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1.280 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 180-181. Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто македонско со 950 жители. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 170 македонски семејстваБистрицки. Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 220.
Во мај 1908 година Георгиос Диконимос го нападнал Вишени, во текот на нападот биоле убиени 9 жени, 4 мажи, а три други жени биле тешко ранетиГеоргиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 272-273., по овој напад Диконимос ја напуштил Македонија.
Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало и било окупирано од страна на грчките војски.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1060 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 700 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Висинија. Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, 14 жители се засолниле во Бугарија, додека 29 заминале во Бугарија по 1919 година. Во селото имало 29 политички убиства..
Во текот на Втората светска војна, селото настрадало од страна на италијанските окупаториМичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.). Во 1945 година биле регистрирани 650 Македонци. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 159 деца од селото биле протерани како деца бегалци
По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.
Демографија
Во 1928 година селото броело 642 жители., додека во 1940 година селото броело 684 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 472 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 267 жители, во 1971 година имало 260 жители, во 1981 година имало 229 жители, додека во 1991 година имало 157 жители. Денеска, населението на селото е 135 жители според пописот од 2001 година.
Година1878188619001913192019281940195119611971198119912001Население960A. Synvet, Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Κωνσταντινούπολη, 1878, σελ. 55. «960 χριστιανοί ορθόδοξοι»]1.000Βέσσανη Καστορίας«Χωρίον έχον 1.000 χριστιανούς, εκκλησίαν, σχολείον αρρένων, κρήνη» [Σχινάς, 246]1150 Вишени/ Костурска Каза, 1.150 χριστιανοί Βούλγαροι [Кънчов 1900, 265] αν και το 1886 λειτουργούσε σχολείο αρρρένων [Σχινάς, 246] 960[Απαρίθμηση (1913), 40] «960 άτομα, 460 άρρενες και 500 θήλεις»700Ελληνική απογραφή 1920: 241 άρρενες και 459 θήλεις, 175 οικογένειες σελ. ξ' Πίνακας 2*642Ελληνική απογραφή 1928, σελ. 287 Ομοδημότες 620, ετεροδημότες 22, δημότες που απογράφτηκαν αλλού 17. Υπήρχαν δύο άρρενες πρόσφυγες που ήρθαν μετά το 1922 684Ελληνική απογραφή 1940: πραγματικός πληθυσμός 684, νόμιμος πληθυσμός 669472Ελληνική απογραφή 1951 σελ. 271 267260222157135
Личности десно|мини|150п|Кољо Рашајков Вишенски
Родени во Вишени Анастас Дамјанов (1888 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 197. Анастас Стумбов Аргир ЛебамовМакедонски Алманах, Индианополис, 1940, стр. 223. Васил Ишков (? - 1961) Васил Стумбов Георги Апостоловски (1855 - 1922) Георги Калков (1916-1948) Георги Христов - ДрашкаНиколов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 38Николов, Борис Й. Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 179. Григор Бакрачев (1878 - 1963) Дамјан КузевМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 391. Дамјан Марков (1858 - 1941)Биография на Търпен Марков сайта на ВМРО-БНД Дамјан Попхристов (1888 - 1964) Димитар СилјановМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 610. Евтим МихајловМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 458. Иван Апостоловски (ок. 1853 - ?) Јото Рашајков Никола Рашајков (1867 - 1902) Панајот Милошев (1927 - 1949) Пандо Иванов (1890 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 294. Спасо ГергевскиНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 33. Спиро Хаџиев (1873 - ?) Тома Бакрачев (1877 - 1951) Тома Христов Трпен Марков (1879 - 1903) Христо ТалевМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 688.
Починати во Вишени Ване Христов (? - 1904) Никола Рашајков (1867 - 1902) Лазар Москов (1877 - 1902) Петар Малков (? - 1908)
Наводи
Категорија:Вишени