Крушево () "Crușuva" — град, поточно паланка, во западниот дел на Република Македонија, во пазувите на Бушева Планина. Тој бил седиште на некогашната Крушевска Република. Над градот се наоѓа познатиот споменик Македониум. Со 1.220 метри надморска височина, Крушево претставува единствениот планински град во Македонија и највисокиот град на Балканот. Градот Крушево претставува административно седиште на истоимената општина.

Историја мини|лево|Крушево во 1903 година.

Крушево првпат се спомнува во историските извори од 1467 година, како мезра т.е. село во состав на имотот на Хусеин бег. Во Слепчанскиот кодик што калуѓерите го воделе од 1544 г., се споменува името Крушево коешто се однесува на сегашнава населба. За време на турското владеење, Крушево било мало словеногласно село, а на крајот од XVIII век истото припаѓало на Ќерим бег од Охрид, на кого населението на Крушево му плаќало данок сè до 1847 година.

Крушево, како развиена и организирана градска населба била создадена во крајот на XVIII век и почетокот на XIX век. За создавањето на Крушево како градска населба, значајно е доселувањето на Власите од Москополе и неговата околина од 1769 до 1788 година и го основале Влашкото Маало. Во почетокот на XIX век во периодот од 1812 до 1821 година се доселила втора група Власи, но сега не од Москополе, туку од планината Грамошта. Тие основале ново маало наречено Струнга. По занимање главно биле сточари и го развиле сточарството. Во исто време од јужна Албанија во Крушево дошле и група православни Албанци кои лево и десно од Крушевска Река го основале Арнаутското Маало. Истовремено од околните села се доселиле и голем број Македонци сточари од мијачките села: Галичник, Лазарополе, Тресонче, Гари и др. кои го основале Мијачкото Маало.Стојмилов, А., (2005), Социоекономска географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје

Власите, познати како успешни неимари, трговци, кираџии, занаетчии и печалбари, добро ја организирале својата работа во новата населба, а доселените Мијаци од реканскиот крај, надалеку познати и успешни градители, резбари, зографи и иконописци се вклопиле во процесот на економски и културен развој на населбата.

Крушево во XIX век Економскиот подем влијаел позитивно и на урбаната заедница, така што во првата половина на XIX век, Крушево добива карактер на градска заедница. До 1845 година, Крушево било чифлик со кој раководеле наследниците на беговите Керим и Рустем од Битола, но истата година неколку богати и угледни крушевчани, собрале околу илјада турски лири и го откупиле чифликот. Според документот за оваа купопродажба, во градот било забрането да се населуваат муслимански семејства.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани. 2004, стр.47

Поради слабата безбедност пред крајот на османлиското владеење, христијанското население од околните села, во текот на XIX век континуирано се доселувало во Крушево, зголемувајќи го и на тој начин бројот на населението во веќе формираниот град. Во 1858 година, Крушево веќе имало 1.400 куќи, десет анови, десет ковачници на бакар, калај и железо, како и осум работилници за обработка на лој и месо. Според Австриецот Хан, Крушево за овој период имало специфична физиономија со тринаесет цркви, како во градот, така и во блиската околина. Сè до 1870-тите години, без разлика на етничката припадност на населението, сите крушевчани биле православни христијани, кои на црковен план ѝ припаѓале на Цариградската Патријаршија. Меѓутоа, создавањето на Бугарската Егзархија во 1870 година ја нарушило црковната унитарност во градот. Дел од македонското население во Крушево постепено започнал да ја прифаќа Егзархијата, да богослужи и да се школува во бугарските црковно–просветни институции. Дополнителен удар на прогрчката Патријаршија ѝ бил зададен во 1876 година, кога Стерју Чона го отворил првото романско училиште во Крушево. Тогаш извесен број од влашкото население во градот се оттргнал од патријаршиската средина и формирал посебна општина.Минов, Н. (2017). „Зошто и како беа интернирани крушевските Власи за време на Првата светска војна?“, In Mihailova, J., Nikolova M. (eds.), 100 di anj di proclamarea a Printsipatlui armãnescu Pindu shi 100 di anj di deportarea a Armãnjlor. Skopje: Здружение Интегра Нау, 127-141.

Кон крајот на 19 век, Крушево било прочуено со кујунџиските, казанџиските и кожарските производи. Покрај ова, во градот било развиено кираџиството. Имало воспоставени каравански врски со Прилеп, Битола, Охрид, Солун и со други градови од Македонија, што придонело за интензивен развој на трговијата и занаетчиството. Крушевски трговци можеле да се сретнат во: Будимпешта, Виена, Лајпциг, Атина, Константинопол, Смирна, Александрија, Адис Абеба и други градови низ целиот свет. Подоцна Крушевчани оделе по трговија дури и во Соединетите Држави и Канада, тргувале и со азиските земји Индија и Персија (Иран). Со ова градот станал познат скоро во целиот свет.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани. 2004, стр.48 Како занаетчиско и трговско средиште градот многу бргу се развивал и веќе во 1883 година во него живееле околу 12.000 жители.

Илинденско востание мини|десно|Разгледница од Крушево од 1920-те години. За време на Илинденското востание, градот Крушево е ослободен на 2 август 1903 година и тука е формирана Крушевската Република. Била избрана привремена влада од шест члена и народно собрание со 60 делегати. Републиката постоела до 13 август. Утрото на 12 август градот бил нападнат од 15 000 турски аскер предводен од Бахтијар-паша. Значајни битки за одбрана на Републиката се воделе на Мечкин Камен и кај Слива. По задушувањето на Илинденското востание, Крушево било запалено, а голем дел од населението од градот и околните села се иселило.

Балканските и Првата светска војна мини|лево|Крушево во 1918, Фриц Лах Со договорот од Букурешт, градот потпаднал под српска власт. Србија сепак немала доволно време да ја зацврсти својата власт во Крушево, бидејќи во 1914 година започнала Првата светска војна. На 14 октомври 1915 година, Бугарија ѝ објавила војна на Србија, а, до крајот на ноември, српскиот дел од Македонија, вклучително и Крушево, веќе бил во бугарски раце. Новите бугарски власти во четири наврати извршиле интернација на крушевските Власи, и тоа: на крајот на 1915 година, есента 1916, на 13 јули 1917 и непосредно пред Илинден 1918 година. Во овој период вкупно биле интернирани над 200 крушевчани. Причините за интернирањето на крушевските Власи биле разновидни. Дел биле политички и биле органски поврзани со вклучувањето на Романија и Грција во Првата светска војна. Дел биле резултат на нерасчистени имотни, соседски и семејни односи. Дел од причините се должеле на класичен опортунизам, при што некои крушевчани блиски до новата власт се обиделе да им се одмаздат на своите сограѓани со кои што имале нерасчистени сметки.

Втора светска војна Крушевчани активно зеле учество и во Народноослободителната борба на македонскиот народ. На 16 април 1942 година во месноста Грујова Нива на планината Осој во близина на Крушево формиран е крушевскиот народноослободителен партизански одред „Питу Гули“. Одредот извршил повеќе напади и тоа на бугарската општина во Прибилци (на 6 август), на рудникот Цер-Небојша, кај селата Кочиште, Растојца, Журче, Дивјаци и др. По нападите биле одржувани и политички собири. Градот бил ослободен на 8 септември 1944 година.

Географија мини|десно|Поглед на Бушева Планина и Крушево Местоположба Крушево лежи на западниот планински раб на Пелагониската Котлина, односно во рамките на Пелагонискиот Регион, во изворишниот плиток долински дел на Крушевска Река. Оваа река го дели градот на два дела: поголем на левата и помал на десната страна. Куќите во градот се поставени амфитеатрално. Поради специфичната морфопластика, Крушево се смета за типично планинско гратче, кое има просечна надморска височина од 1350 метри, па затоа се смета за највисокото гратче на Балканскиот Полуостров. Оддалечено е 25 километри североисточно од Демир Хисар, 32 километри западно од Прилеп и 52,5 километри северозападно од Битола. Со Скопје е поврзано преку градовите Прилеп и Велес и селата Кривогаштани, Плетвар, Тројаци, Фариш, Дреново, Градско, Катланово и Петровец во должина од околу 160 километри, кој поминува низ Фаришката и Дреновската Клисура. Исто така, со главниот град е поврзано и преку градовите Кичево, Гостивар и Тетово, пришто должината така изнесува околу 177 километри.

Маала мини|десно|Ѓупско Маало. + Маала во Крушево <li>Чаршија <li>Влашко Маало <li>Струнга <li>Арнаут Маало <li>Горно Маало <li>Мијачко Маало <li>Ѓупско Маало250px

Во градот Крушево денес постојат 12 маала: Влашко (југ), Таше, Струнга (исток), Буша, Арбинеш (запад), Коку, Мијачко Маало (северозапад), Горно Маало (север), Крстот, Матак, Череш и Ѓупско Маало (југоисток). Во средиштата на маалата биле создавани и маалски средишта, мали крстосници со фурна и чешма, а во две такви средишта билее изградени и цркви.

Клима Температура мини|лево|Споменикот „Илинден“. Просечната годишна температура во Крушево изнесува 8,4°С, просечната јануарска температура изнесува -1,3°С, февруарската е - 0,5°С март 2,6°С април 7,1°С мај 12°С јуни 15,6°С во јули 17,9°С август исто 17,9°С септември 14,6 октомври 8,3°С ноември 4,7°С и декември 0,4°С. Температурните инверзии, кои се честа појава во зимските месеци во ова подрачје, се една од причините за релативно високите температури во оваа сезона во Крушево и даваат посебно климатско обележје на ова место од температурен аспект. Инверзиите влијаат во голема мера на зголемување и на средните месечни температури во зимските месеци кои се во однос на Пелагонија пониски, но не толку колку би требало да бидат во однос на разликата во надморската височина. Годишната температурна амплитуда изнесува 19,2°С. Во Крушево есента е значително потопла од пролетта. Просечната есенска температура изнесува 9,5°С, а пролетната 7,2°С. Септември е за 2,6°С потопол од мај, октомври за 2,2 од април и ноември за 2,1°С од март. Меѓумесечната температурна разлика на пролетните и есенските месеци не е битно изразена и преодот од зимата кон летото и од летото кон зимата не е нагол, така што и пролетта и есента се издвојуваат како преодни годишни сезони. Средногодишната минимална температура во Крушево изнесува 4,9°С, а максимална 12,1°С.

Просечно годишно во Крушево се јавуваат 178 мразни дена. Просечниот датум на есенскиот мраз е 25 октомври а најраниот есенски мраз е забележан на 22 септември. Просечниот датум на пролетниот мраз е 21 април, а најдоцниот пролетен мраз е забележан на 13 мај.

Врнежи мини|лево|Крушевското Езеро. Врнежите во Крушево се доста нерамномерно распоредени преку годината и ова подрачје спаѓа под средоземниот плувиометриски режим. Повеќето паѓаат во ладниот дел од годината, со максимум во ноември и зимските месеци, а минимум во летните месеци. Секундарниот максимум на врнежите е во мај, што води кон заклучок дека во ова подрачје во одредена мера се нарушува искажаниот плувиометриски режим. Просечната годишна сума на врнежите изнесува 798,6 мм, со максимум во ноември 97,6 мм, а минимум во август 39,3 мм. По сезони, најврнежлива е есента, 225,2 мм, потоа, пролетта 218,1 мм, зимата 213 мм и летото 142,3 мм.