Почетоци на интелигенцијата
Иако Бине го направил првиот развоен тест за интелигенција, тој речиси воопшто не се занимавал со проучување на развојот на интелигенцијата. Меѓутоа, неговата скала сепак е заснована на некои претпоставки за тој развој, како што се оние за почетокот на интелигенцијата, за брзиот интелектуален развој]], природата на преобразбата на интелигенцијата во текот на нејзиниот развој, добата на завршувањето на интелктуалниот развој, за детерминантите на таквиот развој. Од настанокот на Бине-Симоновата скала до денес развојната психологија на интелигенцијата имала мошне брз равој. Нема ни потреба ни можности овде да се дава каков било приказ на сите тие достигнувања и познавања на интелектуалниот развој. Проблемот почеток на интелигенцијата, то есть раните облици на однесување кои можат да се сметаат за први исполнувања на оние функции кои ги нарекуваме интелигенција, останува и денес во голема мера отворен. При решавањето на тој проблем се постапило на два начина. Првиот се состои во тоа да се испита секое однесување на детето во раниот развој и потоа статистички да се провери кој од тие облици на рано однесување е поврзан за она што во подоцнежниот развој го нарекуваме интелигенција. На тој начин можат да се откријат неспецифичните развојни претходници на интелигенцијата. Другата метода се состои во тоа да се, поаѓајќи од теоретските знаења за природата на интелигенцијата, во репертоарот на мало дете да се побараат специфични исполнувања на интелигентни однесувања и потоа да се следи нивната понатамошна судбина. Може да се каже дека првиот чекор во потрагата по почетокот на интелигенцијата го направил самиот Бине. Неговата скала од 1905 година содржи тестови кои би требало да ги опфатат најелементарните манифестации на интелигенција. Скалите на психомоторен развој само го продолжиле таквиот тек на идејата и денес веќе имаме доста проширени знаења за вредностите на таквите обиди. Првиот, и речиси единствениот заклучок на таквите испитувања е дека успехот на скалата на психомоторен развој во првите години не е во корелација, или е пак, во негативна корелација со подоцнежниот успех на менталните тестови. Општ заклучок од ова испитување е дека големината на коефициентот на корелација помеѓу тестирањата на млади и стари возрасти е функција на интервали и возрасти помеѓу двете испитувања: најстабилни се коефициентите на корелација добиени од луѓе со поголема возраст, а најголеми се оние помеѓу две соседни возрасти. Од берклиските проучувања на развојот може да се добие и заклучокот дека помеѓу соседните возрасти постои значително висока корелација, што би укажувало на тоа дека функциите кои се испитуваат на соседните возрасти се сродни по природа. Тоа би значело дека развојот може да се сфати како сукцесија на функциите кои делумно се поклопуваат и кои постануваат се посложени доколку се приближуваат до зрелоста.
Преобразба на интелигенцијата Веќе при објаснувањето на пробелмот на почетоците на интелигенцијата се соочивме со проблемот на развојот на интелигенцијата. Тој проблем сега може да се формулира како проблем на природата на развојните промени на интелектуалното однесување во текот на возраста. Проблемот е, како да се сфати и изучи процесот на преобразба на функциите кои ги нарекуваме интелигенција, и тоа од првите, не баш јасни изразувања па до постигнувањето на интелектуална зрелост. Тој проблем во развојната психологија често се поставува како проблем на издвојување на развојните фази чии општи структурални одлики треба јасно да се опишат. Но сепак, на проблемот треба да му се пристапи динамички: не е доволно да се опишат одделните фази туку и процесот на преминување од една во друга фаза. Формулиран пак, во вид на најопшт епистемолошки проблем тој изгледа вака: како поимен процес на развојот на интелигенцијата како една иста функција која во одделни развојни периоди има различно манифестирање. Додека, тоа е основна апорија на развојната психологија воопшто, па и на развојната психологија на интелигенцијата. Тој проблем може најјасно да се формулира во областа на конструкциските развојни тестови, како што е и Бине-Симоновата скала, каде тој мошне одредено се изразува. Имено, неможно е со исти тестови да се испитува интелигенцијата на сите возрасти. Оние кои вршеле надолжни испитувања на интелектуалниот развој морале во најбуквална смисла постепено да применуваат различни тестови, на пример: психомоторни скали, па Бине-Симоновата скала, па групни тестови за возрасни. Причината е многу едноставна: тестовите кои на младите имаат дијагностичка вредност стануваат недискриминативни на постарите лица кога сите, или речиси сите испитаници ги совладуваат функциите кои се испитуваат во тие тестови. Оттука, интелигенцијата го менува обликот и областа на изразување и треба повторно да се пронајдат подрачјата во кои сега се наоѓа тежиштето на нејзиното делување. Истиот тој проблем се испитува и во рамките на еден ист развоен тест како што е Бине-Симоновата скала: како да се одберат тестовите кои ќе ја одредат интелигенцијата, на пример, во четвртата година а како тестовите за 14 години, нужно различни од оние од четвртата година а сепак да испитуваат иста функција. Со други зборови, ако се следи од поглед на предмети со кои се движи „првото будење“ на интелигенцијата или ако појавата на намерите и разликувањето на средствата и целите претставува „раѓањето на интелигенцијата“, тогаш е потребно да се знае какви се сите понатамошни постепени манифестации на та иста интелигенција. А тоа значи дека треба да се познаваат статистичките врски и психолошките сродности помеѓу манифестациите на интелигенцијата во поодделните развојни периоди. Кога денес психолозите се соочуваат со вака поставениот проблем, прво што воочуваат е тоа дека психологијата е и денес прилично далеку од решението. Најзначаен обид за решавање на сложениот проблем на преобразба на интелигенцијата е современата теорија на стадиуми. Теоријата на стадиуми претставува, всушност, обид да се опишат нужните патишта на развој на интелигенцијата. Основно пак, во тој опис е разликување на квалитативно различните развојни фази кои нужно следат една по друга, а секоја има особено општи и структурални својства и законитости на функционирање. Нужен редослед на интелектуалните достигнувања и одделните фази на ментална организација, неправолинискиот развој и извесниот дисконтинуитет, постапното образование на се посложените структури и наложување на механизмите на преод од една на друга структура – тоа се основните одлики на теоријата на стадиуми како обид за решавање на проблемот на преобразба на интелигенцијата.повеќе
Брзина на интелектуалниот развој и завршеток на развојот При изработката на своја скала Бине тргнал од баналното сознание дека со зголемувањето на возраста се зголемува и интелектуалната моќ. Меѓутоа, останало отворено, и за него а и денес, со која брзина се одвива зголемувањето на интелектуалната сила. Дали порастот е линеарен или постојат периоди на убрзување? Треба да се знае дека во текот на изработката на тестови за испитување на развојот на интелигенцијата како што е Бине-Симоновата скала има нагодување така што за една календарска година менталната возраст се зголемува за една ментална година. Со други зборови, во самиот тест се вградува линеарност на брзината. На целата сложеност на проблемот на брзината на развој во една област каде постојат апсолутни мерни единици, како што е областа на физичкиот развој на детето, укажува и Танер во една извонредна анализа. Затоа што физичкиот развој, (висина, тежина итн.) може да се мери со апсолутни мерни единици, можно е да се утврдат вистинските природни линии на развој. Меѓутоа во таквиот случај постојат многу замки кои истражувачот мора да ги избегне. На пример, и таму се поставува проблемот на општа брзина на телесниот развој и посебни брзини. Исто така јасно е утврдено и дека изработката на групни графички линии на развој на основа на методот на напречен пресек ја замаглува правата слика за брзината на развојот и тоа дека се многу блиски во стварноста кривите линии на поединечниот развој. Доста се разликуваат графиците на одделни нивоа (на пример, на високи и ниски личности).
Детерминанти на интелектуалниот развој Со помош на својата скала Бине сакал да мери нешто што се разликува од актуелните училишни достигнувања на децата, нешто што е стабилно, пд што се раѓаат училишните знаења. Меѓутоа, веќе првото практично искуство покажувало дека успехот на скалата е одреден во општокултурните и училишни отисоци. Па така, од настанокот на скалата до денес, сè уште трае обидот да се оддели уделот на „природната“ интелигенција и училишните и другите културни детерминанти, како и уделот на наследните и срединските фактори. После Бине имало многу осцилации во поглед на сфаќањата за тоа кои од тие фактори се одлучувачки за развој на интелигенцијата: имало времиња кога сериозно биле доведени во прашање наследните и срединските влијанија, односно кога се земени предвид како исклучително значајни те едните, те другите. Се чини дека во последниве години има повторно бран на нативистички гледишта. Приврзаниците на ваквото гледиште даваат заокружена бројка од 80% во корист на наследните фактори, како објаснување за поединечните разлики во поглед на интелигенцијата. При испитувањето на лица со различен степен на сродство, освен новите варијанти на нативистичките ставови, поткрепени се и релативно неуспешните обиди за планско „подигање на умствениот количник“. Станува збор за многубројни обиди во текот на шеесеттите години да се направи посебно замислена експериментална програма за подобрување на училишниот успех и резултатите на тестовите за интелигенција на децата од друштвено и културно неповолни средини во Америка. Започнати со многу оптимизам, овие испитувања не ги оправдале очекувањата, а според построгите критичари претрпеле и неуспех. Останува сепак, впечатокот дека нативистичкото гледиште почива на цврсти заклучоци. Меѓутоа, тежината на таквите заклучоци е толку голема а можните друштвени последици толку значајни што најверојатно треба да се вложат напори најрационално да се проверат таквите тврдења. Најнапред, за теориските пресметки на корелацијата кои се многу очувани кај разните степени на роднинските врски. За таквите пресметки потребно е добро да се познава природата на особините чија наследност се изучува во општиот механизам за потомство. Што се однесува до природата на интелигенцијата, неминовно е, и за психолозите-нативисти, како и за другите, да се проблемите такви какви што се: дали постои општа интелигенција или не; дали можеби постојат повеќе интелектуални фактори, какви примарни ментални состојби постојат итн. – значајни и при изучувањето на детерминантите на развојот повеќе така што прилично е веројатно поинаку да се поставува прашањето за наследувањето на одделните видови способности. Меѓутоа некои нативисти велат дека нив не ги интересира природата на особините кои стојат зад, на примет, умствениот количник и дека тие едноставно настојуваат да утврдат во колкава мера е таа особина, каква и да е, одредена со наследувањето. Секако, ваквото гледиште не е логички точно затоа што за различни видови особини важат различни механизми за наследување: моногенско наследување, доминантно наследување, наследување врзано со полот, разни итпови полигенско наследување итн. Очигледно е на пример, при наследувањето на линиите на прстите, што е исто така полигенска особина но се формира дефинитивно во раната фетално доба, дејствува поинаков механизам на наследување отколку при наследувањето на интелигенцијата, каде постои постојана интеракција на наследните и срединските фактори во сите развојни фази.