Галија () — назив на регион во Западна Европа, кој ги содржел северните делови од денешна Италија, Франција, Белгија западниот дел од Швајцарија и некои делови од Холандија и Германија на северниот брег на реката Рајна. Покривала површина од . Според сведочењето на Јулиј Цезар, Галија била поделена на 3 дела: Келтска, Белгиска и Аквитанска Галија. Латинското име за Галија, кое сѐ уште се користи во Грција како актуелно име за Франција, е ‘’Gallia’’. Галите, под водство на водачот Брен го опљачкале Рим во 390 година п.н.е. Во светот на егејската цивилизација, голема миграција на источни Гали се појавила во Тракија, северна Грција, во 281 година п.н.е. Друг галски водач кој исто така се викал Брен, на чело на голема војска, во последен момент бил спречен да го уништи храмот на Аполон во Делфи во Грција - се верува дека бил предупреден од боговите со предзнак од грмежи и молњи. Во исто време една миграциона група од Келти, околу 10,000 војници, со нивните жени, деца и робови, поминувале низ Тракија. Три галски племиња преминувале од Тракија кон Мала Азија на итна покана од Никомед I, кралот на Витинија (која била мало место јужно од Босфорот и Црно Море во северниот дел од денешна Турција, југоисточно од денешен Истанбул), кој побарал помош за династиската борба против својот брат. Тие се населиле во источна Фригија и Кападокија во централна Анадолија, регион оттогаш познат како Галација (‘’Galatia’’).

Име Името Галија (на англиски Gaul, а на француски Gaule) постоело до времето на Каролинзите кога била заменета со етнонимот Франција (« Francia »)Carlrichard Brühl, Naissance de deux peuples, Français et Allemands (- siècles), Paris, Fayard, 1996, .. Латинските автори го користеле името Галија и Гали (назив на жителите) за да ги означат Келтите населени во Галија и во Западна Галација, на грчки Γαλατία. Именката Галија за првпат е потврдена кај Порциј Катон околу 168 година п.н.е но нејзината употреба веројатно датира од многу постар период. Постојат тврдења дека именката Галија потекнува од старофранкиското *Walholant (преку латинизираната форма *Walula)Ekblom, R. "Die Herkunft des Namens La Gaule" in: Studia Neophilologica, Uppsala, XV, 1942-43, nos. 1-2, p. 291-301. која буквално означува "Земја на туѓинци/Римјани", каде претставката *Walho- е рефлекс на старогерманскиот збор *walhaz, "туѓинец, романизиран човек", егзоним кој Германите го употребувале за Келтите и за луѓето кои зборувале латински.Sjögren, Albert, Le nom de "Gaule", in Studia Neophilologica, Vol. 11 (1938/39) pp. 210–214.

Името служело отпрвин за да се означат келтските народи кои ја колонизирале долината на По подоцна наречена Кисалписка Галија. Сепак, дури со Галските војни на Јулиј Цезар овие концепти нашироко ќе се распространат, со тоа што римскиот проконзул во келтската цивилизација ќе означи една привремена географска целина која одговара на границите на неговото освојување на ГалијаLaurent Avezou, « Gaulois, l'histoire d'un mythe, Métarécit de l'histoire nationaliste française », conférence à la cité des Sciences et de l'Industrie, 31 janvier 2012. Не се знае со сигурност етимологијата на терминот Галија но тој можеби е позајмица од келтскиот јазик. Можеби се работи за некој вид на *galiā, од коренот *gal-, кој би можел да означува сила, термин од староисрското gal „војнички бес“, исто така и од галскиот збор gallu моќ, бретонското galloud, со истото тоа значењеPierre-Yves Lambert, La langue gauloise, éditions Errance, 1994, 194.. Согласно тоа Гали би требало да се оние „силните“, „моќните“ или „бесните“Christian Goudineau, Étude philologique et archéologique sur l'emploi des.., Antiquités nationales.. Дури во ренесансата латинската именка Gallus е поврзана преку аналогија со нејзиниот латински хомоним gallus „петел“ (латински gallus > старофранцуски jal, jau « петел») Оттука, петелот станува симбол на Франција во периодот на националното будење на Французите кога тие во Галите „ги пронашле“ нивните предци.

Историја Предримска Галија 300px|left|thumb|Разни галски(зелено) и аквитански народи (розово) пред римското освојување Најраната историја на Галите главно e задача на археологијата – постојат многу малку пишани податоци (зачувани најверојатно од она што можело да се препознае на монетите) за луѓето кои биле населени на овие региони – и врските меѓу нивната археолошка култура, општата поврзаност (науката од која биле потпомогнати, во последниве години, на полето на археогенетиката), а лингвистичките поделби ретко се совпаѓаат. Најголем извор на податоци за Келтите од Галија оставил Посејдон од Апамеа, чии ракописи биле цитирани од Тимаген, Јулиј Цезар, сицилијанскиот Грк Диодор Сицилиски и грчкиот географ Страбон. Многу културни особини на Келтите најверојатно биле однесени северозападно во долината на Дунав, иако ова прашање беше оспорено. Изгледа дека многу нивни вештини (како што е обработката на металот), како и некои аспекти од нивната култура, доаѓаат од балканските народи. Некои стручњаци мислат дека бронзеното време, урнополската култура, го претставува потеклото на келтскиот јазик како различна културна гранка од индоевропската фамилија на јазици (вид. пракелтски јазик). Урнополската култура била доминантна во Средна Европа за време на бронзеното време, од 1200 година п.н.е. до 700 година п.н.е. Раширувањето на железното време довело до развивање на халштатската култура (700 до 500 година п.н.е.) непосредно од урнополската. Пракелтскиот јазик, последиот предок на сите познати келтски јазици, некои стручњаци сметаат дека бил зборуван во времето на доцната урнополска или раната халштатска култура. Халштатската култура била наследена од латенската култура, која се развила од халштатската култура без некој дефинитивен културен прекин, под стимуланс на влијанието од средоземната, грчката, и етрурската цивилизација. Латенската култура се развила и напреднала за време на доцното железно време (од 450 г. п.н.е. сè до освојувањето од страна на Римјаните во 1от век п.н.е) во Франција, Швајцарија, Австрија, југозападна Германија, Бохемија, Моравија, Словачка, и Унгарија. Во истата оваа предримско железно време далеку на север биле поширени културите на северна Германија и Скандинавија. До вториот век п.н.е. Франција била нарекувана Галија (Галија Трансалпина) од Римјаните. За време на Галските војни, Јулиј Цезар издвоил три групи на Гали: Белгијците на север (каде што се наоѓа денешна Белгија), Келтите во централниот дел, и Аквитанците на југозапад, la Belgique livre IV, chapitre I, 1., la Belgique livre IV, chapitre III, 3.. мини|270x270пкс|Мапата на Римска Галија 1886) Некои стручњаци веруваат дека Белгијците биле мешавина од келтски и германски елементи, но нивните етнички врски сè уште не се разрешени. Една од причините е политичкото мешање со француското историско толкување во текот на XIX век. Француските историчари потполно го прифатиле објаснувањето на Цезар кој тврдел дека Галија се проширила од Пиринеите сè до Рајна на север. Ова ги задоволило француските експанзионистички аспирации во времето на владеењето на Наполеон III. Во денешна северна Франција, галско-германската јазична граница била поставена некаде после реката Сона. Северно белгиските племиња како Нервијаните, Атребатите или Морините без сомнение зборувале на германските јазици. Покрај Галите, во Галија постоеле и други народи како Грците и Феникијците кои ги откриле населбите како Масилија (лат. Massilia), денешен Марсеј долж средоземниот брег. Лигурите се слејале со Келтите и ја создале келтско-лигуријанската култура исто така долж средоземниот брег. Во вториот век п.н.е. Медитеријанската Галија имала развиени урбани фабрики и била просперитетна, додека пак северна Галија која имала густа шума скоро и немала градови надвор од ѕидините (или опидиум) кои беа употребувани во време кога имало војни. Просперитетот на Средоземната Галија го охрабрил Рим да побара асистенција од населението на Масилија, кое било нападнато од коалицијата на Лигурите и Галите. Римјаните интервенирале во Галија од 125 година п.н.е. и до 121 година п.н.е. тие веќе го имале освоено Средоземниот регион наречен Провинција (подоцна наречен Нарбонска Галија или на латински: Gallia Narbonensis). Ова освојување го вознемирило доминантното галското племе Аверни.

Освојување од Рим

Римскиот проконзул и генерал Јулиј Цезар ја внел својата армија во Галија во 58 година п.н.е. под изговор дека им помагаат на Римско-галските алијанси против Хелветите кои мигрирале. Со помошта од разните галски племиња (на пример, Аедуи) тој успеал да ја освои скоро цела Галија. Но племето Арверни, под водство на Верцингеторикс, сѐ уште не ги почитувале Римските правила. Јулиј Цезар бил пресретнат од Верцингеторикс при опсадата на Гергорвија, град заобиколен со ѕидини во центарот на Галија. Алијансата на Цезар со многу галски племиња се растурила. Дури и Аедуите, нивните најверни поддржувачи, им се придружиле на Арверните. Цезар го заробил Верцингеторикс во Битката кај Алезија, која ставила крај на отпорот на Галија кон Рим. Околу милион луѓе изумреле (најверојатно 1 на 4 Гали), уште еден милион станале робови, 300 племиња биле потчинети а 800 градови биле уништени за време на Галските војни. Целото население од градот Аварикум (Бурж) (40,000 во целост) биле убиени. За време на кампањата на Јулиј Цезар против Хелветите (денешна Швајцарија) околу 60% од племето било уништено, а другите 20 % биле земени како робови. Римска Галија мини|Војници од Галија, како што нацртал во доцниот 19 век илустраторот на Ларуз, 1898 Културата на Галите тогаш била задушена со новата римска култура, Галите ги прифатиле Латинците а Галија станаласоставен дел на Римското Царство, целата администрација се сменила и Галите на крајот станале римски граѓани. Од 3-от до 5-от век, Галија била изложена на напади од страна на Франките. Галската империја се одвоила од Рим од 260 до 273 година, содржејќи провинции на Галија, Британија и Хиспанија, вклучувајќи ја мирољубивата Баетика на југот. Следејќи ја победата на Франките во Битката кај Суасон во 486 година, Галија (освен Септиманија) потпаднала под власта на Меровинзите, првите кралеви на Франција. Галоримската култура, романизираната култура на Галија под власта на Римското Царство, продолжила особено во областите на Нарбонска Галија која што се развила во Окситанија, Кисалпска Галија и во послаб степен, во Аквитанија. Формално романизираната северна Галија, откако била окупирана од Франките, се развила во културата на Меровинзите. Животот во Рим, концентриран на јавните случувања и културните одговорности на урбаниот живот на ‘’res publica’’ и понекогаш богатиот живот на независниот рурален ‘’villa’’ систем, му требало подолго време за да пропадне во галоримските региони, каде Визиготите широко примиле статус кво во раниот 5 век. Галоримскиот јазик продолжил да опстојува на североисток во Силва Карбонарија која оформила делотворна културна бариера со Франките на север и исток, и на југозапад во ниската долина на Лоара, каде галоримската култура се поврзала со културата на Франките во градови како Тур. Гали

Социјална структура и племиња мини|270x270пкс|Експанзија на келтската култура во 3 век п.н.е. мини|270x270пкс|Мапа на Галија од 1 век п.н.е која ги покажува териториите на 3 племиња: Келти, Белгијци и Германи