мини|245x245пкс|Карта на општина Маврови Анови со селските атари.мини|245x245пкс|Демографска карта на општина Маврови Анови со селските атари.

Општина Маврови Анови — поранешна рурална општина во Западна Македонија, основана 1996 година, а укината со Законот за територијална организација на локалната самоуправа во 2004 година, кога заедно со Општина Ростуша ја формирале својата Општина Маврово и Ростуше. Центар на општината било селото Маврови Анови.“Сл. Весник на Република Македонија” бр. 49/96 од 14.09.1996 година

Местоположба Општината се наоѓала во Западна Македонија, а граничела со општините Неготино - Полошко, Вруток, Долна Бањица, Зајас и Ростуша и државите Србија и Црна Гора на север и Албанија на запад.

Населени места Во општината се наоѓале следните населени места: Беличица, Бибање, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекање, Дуф, Жужње, Кичиница, Кракорница, Леуново, Маврови Анови, Маврово, Нивиште, Никифорово, Нистрово, Ничпур, Ново Село, Орќуше, Рибница, Сенце, Сретково, Тануше и Церово.

Население Според пописот од 2002, општината имала 984 жители, 288 домаќинства и 1831 живеалишта. Најбројно население имал центарот на општината, Маврови Анови.

Полова структура на населението во општина Маврови Анови полбројностпроцентмашки51352,13%женски47147,87%вкупно984100% Етничка структура на населението во општина Маврови Анови националностбројностпроцентМакедонци57158,03%Албанци37938,52%Турци161,62%Роми101,02%Власи00%Срби50,51%Бошњаци10,10%останати20,20%вкупно984100%

Јазична структура на населението во општина Маврови Анови мајчин јазикбројностпроцентмакедонски59760,67%албански37938,52%турски10,10%ромски10,10%влашки00%српски50,51%бошњачки10,10%останати00%вкупно984100%

Верска структура на населението во општина Маврови Анови религијабројностпроцентправославни56657,52%муслимани41542,18%католици00%протестанти00%останати30,30%вкупно984100%

Културни и природни знаменитости

Културни знаменитости

Археолошки наоѓалишта

Динговска Црква — средновековна црква во Богдево; Кожа — археолошко наоѓалиште во Врбен; Селиште — населба од непознат период, Дуф; Јаревиш маало — населба и некропола од непознат период, Дуф; Димговска црква — црква од непознат период, Дуф; Црквиште — средновековна некропола, Кракорница; Ѓоновица — средновековна населба, Леуново; Долномаалски гробишта — средновековна црква, Леуново; Сув Дол — средновековна црква и некропола, Леуново; Шаркоски Рид — средновековна црква и некропола, Маврово; Св. Никола — некропола од доцен среден век, Маврово; Реџов Гроб — утврдување од средниот век, Сретково; Јела — средновековна населба и некропола, Сретково; Крстови — средновековна некропола, Сретково; Сотка — средновековна некропола, Сретково.

Верски објектиЈелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. Црква „Св. Димитриј“ — Богдево; Црква „Св. Никола“ — Бродец; Црква „Св. Никола“ — Врбен; Црква „Св. Петка“ — манастирска црква на Врбенскиот манастир; Врбенски манастир — Врбен; Црква „Св. Петка“ — Дуф; Црква „Св. Богородица“ — манастирска црква во Дуф; Црква „Св. Варвара“ — Дуф; Црква „Св. Варвара“ — Жужње; Црква „Св. Никола“ — Кичница; Црква „Св. Архангел Михаил“ — Кракорница; Кракорнички манастир — Кракорница; Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — Леуново; Црква „Св. Кирил и Методиј“ — Маврови Анови; Потопената црква „Св. Никола Летен“ — Маврово; Црква „Св. Јован Крстител“ — Маврово; Црква „Св. Пантелејмон“ — Никифорово; Црква „Св. Спас“ — Нистрово; Џамија — Нистрово; Црква „Св.Богородица“ — Сретково; Црква „Св.Петка“ — Сретково.

Споменици Споменик „Стрелање“ — Леуново; Споменик на загинатите работници на хидросистемот „Маврово“ — Маврови Анови.

Природни знаменитости

Водопади Корапски Водопад.

Езера Мавровско Езеро.

Реки Богдевска Река; Бунетска Река; Бродечка Река; Врбенска Река; Кракорничка Река; Петтилебиска Река — Никифорово; Гинова Река — Никифорово.

Пештери Пештера (Л-20) — Волковија; Пештер — Маврово; Шаркова Дупка — Маврово; Голема Пештера — Маврово.

Наводи

Надворешни врски

Маврови Анови Маврови Анови