Лада, Ладо, Ледо е поим кој се сретнува во обредните песни. Сѐ уште стои како дилема дали претставувало божество, демон или само обреден елемент. Чајкановиќ претпоставува дека зад ова име стои божествена епиклиза.Гордана Стојковска, Речник на јужнословенска митологија, Издавачки центар Три, Скопје, 2004, стр. 160

Во пантеонот на словенските божества можеме да го идентификуваме преку некои податоци од полски извори: во 15-иот век било забранувано плескање со рацете со кое се повикувале некои пагански божества (идоли) меѓу кои и Ладо. Според некои истражувачи Леда е женско божество, а Чајканоиќ спрема времето (пролет) во кое се изведувал обредот (кралици) претпоставува дека се однесува на обредите посветени на култот на предците кои се насочени кон аграрните потреби, исто така дава можност за небесно божество од кое се бараат дожд и плодност, словенско аграрно божествоНина Анастасова - Шкрињариќ, Словенски пантеон, Нина Анастасова - Шкрињариќ, Менора, Скопје, 2004, стр. 190.

Се спомнува и како божица на бракотТанас Вражиновски, Речник на народната митологија на Македонците, Матица Македонска, Скопје,2000, стр. 254., а во Хрватска и Словенија за Иванден и Духовден се пееле песни ладарици кои во рефренот го содржувале збор ‘ладо’. Траги за Лада како заштитничка на бракот, љубовта и младешката невиност се сретнувале во новогодишните и пролетните фолклорни елементи кај повеќето словенски народи.

Наводи

Категорија:Религија Категорија:Словени Категорија:Митологија