Контроверзиите поврзани со Нобеловата награда се некои спорни расправи кои се однесуваат на Нобеловата награда.
За наградата
Нобеловите награди се серија од награди кои посмртно биле воведени како завештание на Алфред Нобел (1895 година). Во моментов тие се доделуваат на личности и организации кои дале придонос за човештвото во областа на физика, хемија, физиологија или медицина, литература и за мир. Одредени значајни примарни области на човековото интелектуално настојување, како што е математиката, филозофијата и општествените истражувања се исклучени од Нобеловите награди. Банката на шведската награда за економски науки во сеќавање на Алфред Нобел е поврзана со Нобеловата награда. Кога Јакоб фон Уекскул ѝ пристапил на Нобеловата фондација со предлог да се основаат уште две нови награди за заштита на животната средина и животот на сиромашните, тој бил одбиен. Тој тогаш ја основал Соодветната егзистенцијална награда, која понекогаш се нарекувала "Алтернативна Нобелова награда". Нова награда - еквивалент на Нобеловата награда, која била создадена специјално за математика, Абелова награда стапила насила во 2003 година.
По доделувањето на првата Нобелова награда во 1901 година, церемонијата, номинациите, наградените и исклучоците предизвикаа критики и поттикнаа контроверзии.
Развивањето на награда-еквивалент на Нобеловата награда за економија во 1969 година, Нобеловата меморијална награда за економски науки, поттикна повеќе расправи за основаноста, ефикасноста и применливоста на оваа награда од која било друга категорија на Нобеловата награда. Друга награда, Нобеловата награда за литература, со текот на годините исто така наиде на мноштво контроверзни критики и ограничувачки прашања, како што и оригиналните зборови на самиот Нобел во врска со Нобеловата награда за литература поттикнаа низа на наводни преосмислени толкувања.
Контроверзни исклучоци
Физика
Џулиелмо Маркони добил Нобелова награда за неговата работа на радиото во 1909 година, иако Националниот институт за патенти на САД првично му го доделил патентот на Никола Тесла, враќајќи се на одлуката во корист на Маркони во 1904 година, а потоа повторно донесувајќи одлука во корист на Тесла во 1942 година. Томас Едисон и Тесла биле спомнати како потенцијални лауреати во 1915 година, меѓутоа денес се верува дека поради нивното непријателство ниеден од нив никогаш не ја добил наградата, и покрај нивните огромни научни придонеси. Постојат одредени показатели кои укажуваат на тоа дека и двајцата се обидувале меѓусебно да си ги минимизираат достигнувањата и правото да ја освојат наградата; дека и двајцата одбиле да ја прифатат наградата доколку другиот прв ја добие; и дека и двајцата ја исклучиле секоја можност да ја поделат наградата – како што се гледа од озборувањата по весниците во тоа време. Тесла имал поголема финансиска потреба за наградата отколку Едисон; во 1926 година тој банкротирал.
Чунг–Јао Чао бил првата личност која фаќала позитрони преку електрон-позитронската анихилација како дипломец на Калифорнискиот институт за технологија во 1930 година, но тој всушност и не открил што се тие во суштина. Карл Дејвид Андерсон, кој ја добил Нобеловата награда за физика за откривање на позитронот во 1936 година, го користел истиот радиоактивен извор на ториум карбид (ThC) како и Чао. Подоцна во неговиот живот, Андерсон признал дека Чао всушност бил инспирацијата за неговото откритие: истражувањето на Чао ја создало главната основа од која главно се развивала сопствената работа на Андерсон. Чао починал во 1998 година, и не ја доживеал честа да го подели признанието за Нобеловата награда.
Енрико Ферми добил Нобелова награда за физика во 1938 година за „неговите демонстрации за постоење на нови радиоактивни елементи произведени по пат на неутронско осветлување". Сепак, во овој случај, се покажа дека наградата е предвремено доделена: Ферми верувал дека тој создал трансураниумови елементи (поточно Хеспериумот), меѓутоа тој всушност несвесно демонстрирал јадрено цепење (и всушност создал производи на цепењето - изотопи на многу полесни елементи од ураниумот). Откритието дека толкувањето на Ферми било неточно се случило набрзо откако тој ја примил наградата.
Лиз Мејтнер дала директен придонес за откривањето на јадреното цепење во 1939 година, но не добила Нобелово признание. Всушност тоа не било откритие на Ото Хан, туку таа прва го открила цепењето, откако биле анализирани собраните експериментални податоци и откако успешно бил вметнат моделот на ликвидна капка на Бор (првично спомнат од Џорџ Гејмоу) во неговата теоретска основа, а со учество на Ото Роберт Фриц: Нилс Бор всушност и двајцата ги номинирал за Нобелова награда за физика за оваа работа, и покрај неговата препорака Нобеловата награда за хемија да му се даде на Хан. Случајот особено служел како интересен контраст во однос на Нобеловите ослободувања на Луј, седмиот војвода Де Бројл (1929 година) (принцот Де Бројл се сметал за дилетант во физиката), и за начините на кои Нобеловиот комитет им дал тежина и пресудил помеѓу машките и женските придонесувачи и нивната работа. Хан и Мејтнер исто така преку претходна соработка, независно откриле нов хемиски елемент (протактиниум). Постоеше и трет помлад придонесувач, Фриц Штрасман, кој не бил вклучен во наградата. Во негова одбрана, Хан бил под силен притисок од страна на нацистите да ја минимизира улогата на Мејтнер поради фактот што таа била Еврејка. Но тој ја задржал оваа позиција дури и по војната.
Иако бразилскиот физичар Сесар Латез бил главниот истражувач и првиот автор на историската статија во Научното списание за природата опишувајќи ја субатомската честичка месон пи (пион), неговиот шеф на лабораторија, Сесил Пауел, бил награден со Нобелова награда за физика во 1950 година за „неговото развивање на фотографски метод за проучување на јадрените процеси и неговите откритија кои се однесуваат на мезоните кои се добиваат токму со овој метод"; и покрај фактот што всушност Латез е оној кој е одговорен за унапредувањето на јадрената емулзија која Пауел ја искористил (барајќи од компанијата Кодак да додава повеќе бор во неа, па така во 1947 година тој заедно со нив го постигнал неговото огромно експериментално откритие). Причината за ваквото очигледно запоставување е тоа што до 1960 година политиката на Нобеловиот комитет била Нобеловата награда да се доделува само на главниот раководител на истражувачките групи. Латез исто така е одговорен и за пресметувањето на масата на пионот и заедно со американскиот физичар Јуџин Гарднер го прикажале постоењето на оваа честичка после атомски судири во синхротрон. Повторно се случило Гарднер биде одбиен за Нобелова награда затоа што тој починал набрзо потоа, а посмртни номинации за Нобелова награда не се дозволени.
Во 1956 година наградата им беше доделена на Бардин, Шокли и Бретн за нивното откривање на транзисторот, затоа што Нобеловиот комитет не признал бројни претходни пријавувања за патент. Уште во 1928 година, Џулиус Едгар Лилиенфелд патентирал неколку модерни видови на транзистори. Во 1934 година, Оскар Хејл патентирал транзистор со ефект во поле. Нејасно е дали тие навистина создале такви уреди, но тие навистина им предизвикале проблеми при патентирањето на нивните следбеници. Дополнително на тоа, Херберт Ф. Матаре и Хајнрих Вокер, во 1948 година во Вестингхаус во Париз, се пријавиле за добивање патент за засилувач кој бил заснован врз процесот на сосема мало внесување на радиобран. Матаре прво ги набљудувал ефектите на трансспроводливост за време на производството на германиумови дуодиоди за германската радарска опрема за време на Втората светска војна.
Џорџ Сударшан и Роберт Маршак првично во 1957 година ја изготвиле успешната V-A (вектор минус осен вектор, или леворачно) теорија за слаби меѓусебни дејствувања. Тоа е главно истата теорија врз која било работено подоцна како врз „математичко-физичка белешка“, без каква било поткрепа на необработени експериментални податоци во врска со структурата на слабото меѓусебно дејствување од страна на Ричард Фејнмен и Мари Гел-Ман. И двајцата се запознале со резултатите на групата нивни претходници по пат на нивни меѓусебни неформални општења, меѓутоа никаде во нивниот заеднички труд кој следел не спомнале некакви формални заслуги за изумителите на теоријата, со исклучок на некои неформални загатнувања. Денес на запад теоријата е позната само како Фејнмен-Гел-Манова теорија. V-A теоријата за слаби меѓусебни дејствувања во суштина претставува новооткриен закон на природата. Ова беше наметнато наспроти редицата на очигледни контрадикторни експериментални резултати, вклучувајќи неколку на Чен Сјунгву, иако тие исто така биле потпомогнати од малубројни други докази, како на пример муонот (откриен во 1936 година и кој самиот по себе имал живописна историја и кои би довеле до нова револуција во 21 век). Токму затоа што ваквото епохално достигнување беше испуштено од Нобеловата награда беше најизненадувачко нешто. V-A теоријата подоцна ги поставува темелите за електро теорија за слабо заемодејство. Џорџ Сударшан самиот ја гледал V-A теоријата како негова најдобра работа до тогаш. Подоцна, со унифицираната теоријата за електро слабите меѓусебни дејства од страна на Шелдон Глешоу, Абдус Салам и Стивен Вајнберг беше навестено дека ќе ја добијат Нобеловата награда за физика во 1979 година за „триумвиратот“. Сударшан-Маршак (или V-A теоријата) подоцна наишле на љубопитство и сомнежи при нивното оценување, особено по чудно заплетканите и понекогаш „забавно“-ситничавите недоразбирања, и тоа продолжува натаму како нешто „прекрасно“ од страна на Роберт Опенхајмер; а потоа претрпеа целосен пресврт, како последна очигледна „екцентричност“ како што и беше, кога беше дадена сосема спротивна оцена како „нецелосен“ и „нерафиниран“ од страна на Џон Грибин. Џорџ Сударшан во моментов го држи рекордот за жив кандидат кој бил номиниран најмногупати за Нобелова награда, а кој досега не примил ниту една Нобелова награда.
Чен Сјунгву (позната под прекарот „Првата дама на физиката“) го докажа како неточен законот за зачувување на еднаквоста (1956 година) и била прв добитник на Волфовата награда за физика. Таа починала во 1997 година и не ја примила Нобеловата награда. Ву лично му асистирала на Цунг-Дао Ли во развојот на неговите закони за еднаквост заедно со Чен Нинг Јанг – обезбедувајќи му во 1956 година можен метод за тестирање на бета распаѓање кој функционирал успешно. Во време кога милјето на институционална недоверба било широко распространето и прилично обесхрабрувачко, кога многумина го сметаа за претешко и едноставно се откажуваа - затоа што тогаш не постоеше некој соодветен или можен кандидат за тестирање - таа не ја сподели Нобелова награда со нив и покрај сета нејзина смелост, епохалните напори и доброто влијание кои го сменија трендот преку ноќ; факт кој во голема мера се должи на половата дискриминација од страна на комитетот за избор. Нејзината книга „Бета распаѓање“ (1965 година) е сè уште неопходна прирачна книга за јадрените физичари.